- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа https://mk.rbth.com/subscribe
Родена во далечниот сибирски град Нерјунгри во Република Јакутија, Надежда Батоева како дете немала желба да стане балерина. Танцот случајно влегол во нејзиниот живот.
„Мајка ми ги носеше браќата на часови по танц, а јас им се придружував за да не трчам по ходниците“, се сеќава Надежда во едно интервју. Меѓутоа, на малата Надежда ѝ се допаднал танцот и еден семеен пријател ѝ предложил на мајка ѝ да ја проба среќата и да ја запише во балетско училиште.
Александар Нефа/Мариински театар
На свое изненадување, Надежда го поминала приемниот испит за Академијата за руски балет „Агрипина Ваганова“ во Санкт Петербург, една од најпрестижните балетски школи во земјата (поранешната Царска балетска школа).
„Не знаев точно што е тоа балет. Мислев дека одам да танцувам, а не дека ќе учам“. Мајка ѝ заедно со неа се преселила во Санкт Петербург, оставајќи ги сопругот и двајцата синови во Сибир.
Александар Нефа/Мариински театар
Училиштето било строго и Надежда речиси неколку пати ќе била исфрлена од академијата. Тешко ѝ било да го достигне нивото на деца кои веќе имале сериозно искуство во спортот или танцот. Но, мислејќи на сите напори што ги вложила нејзината мајка и чувствувајќи одговорноста, Надежда напорно вежбала и учела.
Александар Нефа/Мариински театар
Кога дипломирала на академијата во 2009 година, Батоева веднаш се приклучила на балетската трупа на Мариинскиот театар во Санкт Петербург, каде диригирал легендарниот Валериј Гергиев. Нејзиниот прв успех на сцената дојде веднаш, во балетот „Спартак“.
Александар Нефа/Мариински театар
За време на нејзината 13-годишна кариера како балерина и солист во театарот, списокот на улоги на Надежда стана импресивен. Батоева ги играше главните улоги во големите балети како „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“, „Ромео и Јулија“, „Корсар“, „Дон Кихот“, „Бајадера“ и многу други.
Александар Нефа/Мариински театар
Конечно, на 11 јули 2022 година, таа беше прогласена за примабалерина на Маринскииот театар. Во наредната сезона премиерно во својот нов статус ќе заигра во балетот „Дванаесет“ според поемата на Александар Блок.
Александар Нефа/Мариински театар
Репертоарот на Надежда е многу разновиден: во „Легендата за љубовта“ таа игра две спротивни улоги: Ширин и Мехмене Бану. Таа танцува класичен балет, експериментални поставки на Џорџ Баланшин и современа кореографија.
Александар Нефа/Мариински театар
Меѓу достигнувањата на Надежда има и неколку награди, меѓу кои и наградата „Надеж на Русија“ од 2008 година. Во 2016 година, таа учествуваше во телевизиската програма „Големиот балет“ на рускиот канал „Култура“, каде се стекна со наклонетост на публиката, но и на жирито. Брижит Лефевр, балерина, кореограф и поранешена директорка на Париската опера, рече за неа дека е „силна жена“ и „инспирирана танчарка“, истакнувајќи го нејзиниот огнен темперамент.
Александар Нефа/Мариински театар
„Има многу силен карактер“, вели Константин Зверев, момче на Надежда и солист на Мариинскиот театар. „И е многу скромна личност“.
Александар Нефа/Мариински театар
Навистина, Батоева има исклучителен капацитет за работа и извонредна истрајност, во толкава мера што тоа е импресивно дури и за светот на балетот, за кој веќе е познато дека подразбира големи физички напори и психички притисок, поради огромната конкуренција. Во некои години Батоева имаше и до девет премиерни претстави. Излегувајќи на сцената, оваа навидум бестежинска балерина станува немирна хероина или романтична девојка. И нејзината насмевка никогаш не покажува замор ниту нервоза.
Александар Нефа/Мариински театар
Во ретките денови кога е слободна, сака да се шета по Петербург и да ја гали својата мачка (но и тогаш не заборава на својата строга балетска диета). А на социјалните мрежи неуморно им упатува благодарност на своите партнери на сцената, како што се Ксандер Периш, Филип Степин и Ким Кимин, за поддршката и извонредната работа. И во сите околности го задржува позитивниот став!