- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа https://mk.rbth.com/subscribe
Руси
Пречекот на гостинот со леб и сол е веројатно најпознатата традиција на Словените. Русите и денес на овој начин ги пречекуваат официјалните странски делегации; згора на тоа, тие често носат народни носии за пречек. Но, во секојдневниот живот сè е поедноставно. Доколку сте поканети на гости, домаќините ќе ве пречекаат, ќе ве најадат со најдобрите јадења и ќе ве напијат со чај (или со нешто појако!) сé додека нема да можете да се помрднете. Потоа домаќините ќе ви понудат торта.
Дали свирите гитара или хармоника? Слободно понесете ги своите инструменти. Русите сакаат куќни концерти.
А она што Русите никогаш не го прават е да ги замолат своите гости да си заминат, така што вечерта може вечно да трае! Пред да заминете, Русите секогаш ќе ви понудат чашка пијалок „на посошок“ („за пат“) за да го направат вашето патување дома пријатно.
Татари
Татарите, втората по големина етничка група во Русија, обично печеле цела гуска за своите гости, како и многу, многу вкусни печива (сигурно сте слушнале за ехпочмак и чак-чак) и подготвувале сауна. Денес, оние што живеат во градовите често канат гости во своите домови, а меѓу старите обичаи сè уште живее оној најважниот. Се вика „кучтенеч“, што во превод значи „подарок“. Гостите обично носат подарок: главно нешто што може да се јаде за да се сподели со сите. Кога гостите си заминуваат, садовите во кои ги донеле подароците се полнат со нешто вкусно направено од домаќините - затоа што не е обичај да се тргне со празни раце.
Јакути
Исклучителното гостопримство е една од главните карактерни црти на Јакутите (и воопшто на северните народи) и е поврзана, пред сè, со тешките услови за живот и оддалеченоста на населбите една од друга. Покрај деликатесите, Јакутите секако ќе им понуди на гостите топол чај, најверојатно направен од домашна врбова трева. Во Јакутск, главниот град на Јакутија, има дури и туристичка екскурзија посветена на Јакутската чајна церемонија, која се одржува во специјално изградена колиба во „стар стил“.
Чеченци
Примањето гости, исто така, отсекогаш било прашање на чест кај Чеченците, особено во планинските предели но се смета за непристојно да се влезе во двор без покана. Гостите обично ги пречекуваат најмладите членови на семејството.
Чеченците веруваат дека личноста која еднаш го посетила нивниот дом автоматски станува нивен пријател. Интересно е што некои стари традиции велат дека ако гостинот престојува повеќе од три дена, треба да придонесе и да учествува во домашните работи.
Некои семејства дури и специјално градат куќи за гости во нивните дворови. За време на гозбата, домаќинот го зазема местото до вратата и прв станува да го испрати гостинот.
Ненци
Кога ги посетувате Ненците, еден од бројните домородни народи на Јамал, не е вообичаено да тропате на врата или да ги повикувате домаќините. Ако сте поканети во номадски камп (не во стан или куќа), прво треба да го поминете секој шатор за да ги поздравите сите жители.
Оброкот се состои од диво месо (срна), риба, бобинки и секако, чај од билки, кој непрекинато ќе се точи додека не ја превртите шолјата. Одбивањето слатки не е учтиво. Ако храната паднала на подот, неопходно е да се фрли во огништето - да ги „нахраните“ духовите.
Исто така, за време на оброкот со Ненците, никогаш не пејте и не свиркајте и никогаш не нудете им помош на домаќините да расчистат по оброкот. Ненците веруваат дека гостинот така ќе им ја одземе среќата.
Ненците често им подаруваат нешто на своите гости: тоа може да биде украс, дрангулија или кој било друг сувенир (речиси секогаш исклучиво домашен). Гостите исто така можат да им донесат подароци на домаќините.
Чуваши
Чувашите се веројатно најпознатите пивари во Русија. Според традицијата, на гостинот прво му се нуди свежо пиво - да, и на жените, исто така! Подобро е да не доаѓате на гости со празни раце, туку да носите нешто за јадење да се стави на маса. Ако им одите во посета на Чувашите заради важна пригода, како што е свадба или народен празник (на пример, учук), подгответе се за многу голем број гости. Ваквите настани генерално се одржуваат по принципот „донесете си ваше пиење“ (но споделете го со сите).
Мордвини
Мордвините имаат регулиран бонтон за посетување луѓе. На пример, не треба да присуствувате на големи семејни прослави без покана, но домаќините често ги покануваат не само роднините, туку и соседите - тие ги ценат добрите односи со сите.
Порано гостите ги пречекувале на влезот во селото. На масата секогаш седеа на најдоброто место и биле послужувани со најдобрата храна. А, секако, се очекувало и гостите да донесат подароци за домаќините. Порано, на денот на заминувањето на гостинот, куќата не се чистела за да може гостинот безбедно да се врати дома.