- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
Москва сега има своја модна атракција. Првата Московска недела на модата блесна помеѓу 20 и 26 јуни 2022 година и беше еднонеделна екстраваганција која вклучуваше 69 модни ревии, 120 најдобри руски модни дизајнери и импресивна деловна програма. Низ целиот град беа уредени модни писти, со посебен осврт на оние во паркот Зарјадје во близина на Кремљ и на неговиот пловечки мост над реката Москва.
Неделата на модата ја отвори „корифејот“ на рускиот моден свет Слава Зајцев и неговата ревија на отворено.
Moscow Fashion Week press photo
Исто така, и богата модна програма во затворен простор се одржа за време на Неделата на модата во Москва. На фотографиите подолу се смели модели на улична мода на брендот „DAS“, инспирирани од древен пагански празник посветен на врвот на процутот на природата и летната долгодневица.
Moscow Fashion Week press photo
А подолу се фотографии од модната ревија на Викторија Андрејанова, посветена на советската мода на трикотажа.
Moscow Fashion Week press photo
Во меѓувреме, Саша Гапанович се определи за романтична зимска фантазија.
Moscow Fashion Week press photo
Дизајнерот Јанис Чамалиди ја претстави својата концептуална авторска колекција.
Moscow Fashion Week press photo
И модната куќа COSHÈ и нејзините минималистички модели исто така беа изложени.
Moscow Fashion Week press photo
Највпечатливите модни ревии се одржаа на отворено. Колекцијата на познатата руска дизајнерка Аљона Ахмадулина беше изложена на ревија долж насипот на реката Москва.
Moscow Fashion Week press photo
Дипломците на Академијата за брендирање и дизајн МЕТРИКС ја покажаа својата модна визија во паркот Зарјадје, со Кремљ во далечината.
Moscow Fashion Week press photo
Вселенска мода: Роскосмос (Руската вселенска агенција) ја претстави соработката со модниот бренд „DNK.Russia“ во изложбениот парк ВДНХ.
Кирилл Зыков / Агентство «Москва»
Чапурин ја изложи својата колекција на висока мода „Антологија“ пред фонтаната „Дружба на народите“ во паркот ВДНХ.
Moscow Fashion Week press photo
Ревијата на Валентин Јудашкин на „пловечкиот“ мост во паркот Зарјадје (надополнета со Соборниот храм „Христос Спасител“ во позадина) беше одличен завршен чин на Неделата на модата во Москва.
Кирилл Зыков / Агентство «Москва»