- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
Во Советскиот Сојуз беа создадени голем број анимирани ремек-дела кои станаа познати во цел свет. Повеќето од нив настанаа во московското студио „Сојузмултфилм“. Таму е направен најдобриот цртан филм на светот за еже кое лута во магла (омилен лик на денешниот познат јапонски аниматор Хајао Мијазаки). Оттаму потекна трогателната приказна за бушавото животинче со големи уши и неговиот пријател крокодил. Таму беа направени стотици цртани филмови со кои пораснаа неколку генерации советски граѓани.
Роман Качанов/Союзмультфильм,1974
Студиото е отворено во 1936 година. Со одлука на властите сите студија за анимација во Москва беа обединети во едно. Се смета дека иницијатор бил лично Сталин. Зградите во кои беа сместени одделенијата на „Сојузмултфилм“ порано припаѓаа на православни цркви кои советската влада ги затвори.
Gennady Grachev (CC BY 2.0)
Во првите години од своето постоење, студиото се развиваше според каноните на Дизни. Во 1935 година во Москва се одржа меѓународен филмски фестивал, на кој беа прикажани „Лудите симфонии“ на Волт Дизни.
Дмитрий Бабиченко, Александр Беляков/Союзмультфильм, 1936
Тоа остави силен впечаток на советските аниматори. Филмот на Дизни од серијата „Луди симфонија“ не се вклопуваше во ниедна рамка на вообичаената свест“, се присетува режисерот на студиото „Сојузмултфилм“ Фјодор Хитрук, кој работи таму од основањето.
Василий Малышев / Sputnik
Токму со американските прирачници на Дизни „Сојузмуљтфилм“ ги школува своите аниматори: „Колку и да звучи жално, меѓутоа сите ние во прво време во новото студио се најдовме во заточеништво на методот на Дизни, бевме принудени да ја копираме не само технологијата, туку и некои принципи на создавањето и движењето на ликовите“, изјави режисерот на студиото Иван Иванов-Вано.
Свиридова / Sputnik
На почетокот тоа беа исклучиво краткометражни филмови, а потоа започна развојот на нови техники и жанрови.
TASS
На пример, со студиото почнаа да соработуваат театарски актери. Не само што им ги позајмуваа своите гласови на јунаците, туку и се снимаа, како во играните филмови, а потоа аниматорите врз основа на тие снимки создаваа движења на цртеж (т.н. метод „еклер“). Така, меѓу другото, настанаа „Бармалеј“, „Мојдодир“ и „Лимпопо“.
Валерий Христофоров / TASS
За време на Втората светска војна студиото извесно време се преориентира на правење агитациски „кино-плакати“ за кревање на борбениот дух, но брзо ја остави таа работа.
Людмила Пахомова / TASS
Студиото е евакуирано во Узбекистан, каде соработниците мораа да живеат во тешки услови. Од филмската лента извесно време дури мораа да прават копчиња и чешли. Но, дури и во услови на недостиг на храна, греење, материјали и соработници, „Сојузмултфилм“ продолжи да прави цртани филмови.
Фёдор Хитрук/Союзмультфильм, 1962
Веќе кон крајот на војната студиото разви свој стил, своја препознатливост. Почнува да го напушта филмскиот јазик на Дизни и да прави свои филмови со кукли (кога во снимањето се користат кукли-актери). Куклените анимирани филмови ги освоија не само советските деца, туку и странските гледачи.
Людмила Пахомова / TASS
По успехот на „Снежната кралица“ 1957 година во Венеција, римскиот папа ги повика верниците да гледаат советски цртани филмови во кои има најмногу добрина и хуманост.
Владимир Родионов / Sputnik
Вистинската „златно доба“ студиото „Сојузмултфилм“ ја доживеа во периодот од 1970-тите до средината на 1980-тите.
Вячеслав Котёночкин/Союзмультфильм,1976
Во тоа време се појавија најпознатите цртани филмови, од „Волкот и зајакот“ (во оригиналот: „Ну, погоди“) до „Крокодилот Гена“. Студиото станува најголемо во Европа, во него работат преку 500 луѓе и се прават преку 1000 филмови.
Јавен домен
Фјодор Хитрук вели дека за студиото е биран најдобриот кадар и дека се водело сметка за „подносливи услови“ за живот и работа.
TASS
„И не треба да се заборави дека цензурата не нé гибаше нешто посебно. Имаше неколку бесмислени ситуации, кога упорно бараа да се смени премногу песимистичкиот крај на филмот, но тоа беа ситници. „Сè на сè, немаше изживување и бевме релативно слободни“, велеше тој.
Борис Степанцев/Союзмультфильм, 1965
Во 1969 година се појави легендарната советска филмска адаптација на бајката на Алан Милн за мечето Вини Пу, која стана најцитираното дело во целата историја на студиото. Авторот на верзијата на Дизни, Волфганг Рајтерман, призна дека советската мечка-филозоф му се допаѓа многу повеќе од сопствената.
Юрий Абрамочкин / Sputnik
Истата година студиото го направи и најдобриот анимиран филм на сите времиња и народи според анкетата на 140 аниматори и филмски критичари од различни земји. Тоа беше „Еже во магла“ од Јуриј Норштајн. Магичниот цртан филм за пријателството и стравот собра 35 награди ширум светот.
Е.Стопалов / Sputnik
Тешкотиите за студиото настанаа во 1990-тите, кога се најде пред затворање. Оригиналната, неповторлива естетика на советската школа не наиде на добар прием во споредба со западната анимација, која масовно навлегуваше на екраните. Дополнително, „Сојузмултфилм“ преживеа дури и обид за насилно преземање и продукцијата одредено време беше речиси целосно запрена.
Сергей Киселев/Moskva agency
Дури откако во 2011 година во пресрет на 75-годишнината од студиото руските аниматори објавија обраќање до претседателот, молејќи го да обрне внимание на тешката ситуација во студиото, тоа беше реформирано и му беа доделени средства. Оттогаш во принцип студиото сврте нова страница, иако ги задржа сите права на својот златен фонд. „Сојузмултфилм“ се пресели во нова зграда и спроведе сеопфатна техничка модернизација.
Сергей Киселев/Moskva agency
Покрај авторски краткометражни филмови, колективот на студиот се нафати и на производство на серии. Притоа не беше заборавена ни традицијата на куклени филмови. Имено, студиото го направи долгометражниот куклен филм „Хофманијада“, над кој работеше речиси 15 години.
Станислав Соколов/Союзмультфильм, 2018