20 советски пропагандни плакати на тема земјоделие

Култура
RUSSIA BEYOND
Земјоделството уште од старо време било најважната руска дејност. Зошто тогаш болшевиците сметаа дека е неопходно да го промовираат?

До Октомвриската револуција Русија беше првенствено аграрна земја. Државниот преврат, кој ги предизвика Граѓанската војна и принудната индустријализација во земјата предизвикаа проблеми во земјоделскиот сектор. Нивите беа напуштени, немаше доволно работна сила да се реализира жетвата, бидејќи луѓето масовно заминуваа во градовите. Сето тоа предизвика голем глад во земјата, што го наведе советското раководство да примени ригорозни методи и да воведе бонови за храна. Беше јасно дека спроведувајќи ја индустријализацијата, тие го заборавија најважното нешто - храната.

Затоа стана исклучително важно да се промовира работата на поле, жетвата, култивирањето ниви, како и одгледувањето добиток и други животни. И што е уште поважно, да се промовираат колективните фарми (колхози), каде што сé што се произведува оди директно во државата и не останува во приватни раце. 

Другар, дојди кај нас во колхозот!

Ниту еден хектар непосеана земја!

Колхозници и индивидуални фармери! Да ѝ го дадеме житото на државата во целост и на време!

Жените во колхозот се голема сила! Ј. Сталин

Ако посееме на време, ќе ожнееме рид пченица!

Зошто е обилна жетвата? Поради минералното ѓубре.

Жнејте на време и без загуби!

Колхозници и колхознички! Јакнете го пријателството меѓу советските народи со социјалистичка работа!

Повеќе свињи – повеќе месо!

Ако на фармата имате храна, за стоката зимата не е страшна!

Добра прехрана значи добар напредок на стоката!

Повеќе зеленчук и овошје за советските градови и индустриски центри!

Повеќе сончоглед – повеќе масло! (Во 1950 ќе ожнееме 3,7 милиони тони сончоглед)

Добро одгледување дава добри телиња!

На земјата родна златна жетва!

Одгледувајте пченка! И натпреварувајте се кој ќе има најголем принос!

Ајде да добиеме најмалку 18-20 тони компир по хектар!

Молзачки, ајде да постигнеме високи приноси на млеко од секоја молзна крава!

Сточари, работете вредно, народот ќе биде благодарен!

Земјоделците му порачуваат на 22 Конгрес на Комунистичката партија: Ќе ја прославиме татковината со работа!