Што претставува рускиот православен крст?

Култура
RUSSIA BEYOND
Како настанал, зошто има толку многу пречки и по што се разликува од католичкиот крст? Дознајте сè за рускиот православен крст.

Постојат повеќе видови крстови и многу култури и религии имаат свои верзии на овој симбол. Во древниот Египет тоа бил „анх“, крст со јамка на врвот, кој го симболизира животот. Грчкиот крст се состои од две вкрстени линии со еднаква должина кои ја претставуваат човечката и божествената природа на Исус Христос и симболизираат смирение (и помирување на двете природи на Христос).

Келтскиот крст од британските острови е познат уште од старо време. Се појавил откако Келтите го примиле христијанството и претставува комбинација од круг, пагански симбол за сонцето и христијански крст.

Конечно, тука е и латинскиот или римскиот крст, кој историчарите го датираат од 3-4 век. Познат е како најпопуларниот христијански симбол. Крстот со долга вертикала и пократка хоризонтала е потсетување на крстот на кој бил распнат Исус Христос.

Католиците имаат различни верзии на крстот. На пример, лотариншкиот крст со две пократки хоризонтални пречки, обично знак на католичките кардинали и надбискупи, како и патријаршискиот крст со три хоризонтали, папски знак.

Типичниот руски православен крст е крст со една вертикална и две пречки, од кои долната е поставена дијагонално. Долната пречка ја симболизира вагата на која се мерат човечките доблести и маани: горната лева страна секогаш е насочена нагоре, кон Небото, додека долниот крај покажува кон земјата. Со Христа беа распнати и двајца разбојници. Еден од нив се покаја и влезе во Царството Небесно, а другиот умре без покајание. Овој симбол би требало да ги потсети верниците на нивните гревови и за важноста на покајанието.

Уште еден традиционален крст во Руската православна црква има вертикала и три пречки. Според Евангелието, дополнителната хоризонтална пречка на врвот ја претставува таблата што била прикачена на крстот. Обично на неа се наведувала вината на распнатиот. На таблата на крстот на Исус Христос имало натпис: „Исус од Назарет, цар на Евреите“.

На некои крстови, исто така, на дното се прикажани череп и коски. Тие ги симболизираат останките на Адам, бидејќи, според верувањето, останките на Адам, Ева и нивните потомци биле погребани на местото на распнувањето на Голгота. Така Христовата крв го измила првобитниот грев од Адам и неговите потомци.

Вакви крстови со повеќе пречки можат да се видат на византиските фрески и мозаици од VI век. А бидејќи руската црква потекнува од византиската црква, таа ги презела. Тие всушност биле широко распространети во сите словенски земји, особено по Големата шизма, кога се одвоиле Источната и Западната црква.

Во XVI век Иван Грозни, првиот руски цар, сакал да ја зајакне земјата по обединувањето на руските територии. Тој ја вовел идејата дека Москва е Третиот Рим, наследничка на Рим и Константинопол. Зад овој концепт се криела желбата за одбрана на православието. А за да се покаже различноста од латинската црква, рускиот крст почнал масовно да се користи. Оттогаш се поставува на куполите на црквите. Исто така, крстот со три попречни пречки се наоѓа на грбот на Русија, меѓу главите на двоглавиот орел.

Рускиот крст и денес има големо значење. Токму во оваа форма православните верници го носат околу вратот. Големи крстови обично може да се најдат во црквите, каде што ги повикуваат верниците да запалат свеќа за покојниците.  

Во рускиот јазик крстот се споменува во голем број поговорки: