- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
„Печурки, риба и зеленчук“ (1838), Иван Хруцки
Иван Хруцки / Киевски национален музеј на руската уметност, Украина / Public Domain
Стручњакот за мртва природа и член на Императорската академија на уметностите Иван Хруцки не отстапува од сликарските традиции на старите европски мајстори. По техника и стил беше многу близок со холандската мртва природа од XVIII век.
„Појадок на аристократ“ (1849-1850), Павел Федотов
Павел Федотов / Третјаковска галерија / Public Domain
Уметникот на оваа слика ѝ го даде насловот „Гостин во лош час“. Целата смисла се крие во ситниот детаљ, а тоа е многу оскудниот и срамежливо прикриен појадок во вид на парче црн леб. Тоа е во големо несогласување со аристократскиот „имиџ“ што младиот човек толку упорно сака да го истакне.
„Болјари пируваат на свадба“ (1883), Константин Маковски
Константин Маковски / Музеј Хилвуд, Вашингтон / Public Domain
На гозбата по повод свадбата и обединувањето на две болјарски семејства, што за староруската елита бил исклучително важен настан, на гостите им се изнесува печен лебед - симбол на плодноста и традиционален деликатес на болјарските свадби.
„Мртва природа“ (1911), Казимир Малевич
Казимир Малевич / Државен руски музеј / Public Domain
Во периодот на потрага по сопствениот креативен израз, авангардниот уметник Малевич се испробал во францускиот стил „клоазон“, во кој големите дамки боја се затвораат со црни мрсни линии.
„На појадок“ (1914), Зинаида Серебрјакова
Зинаида Серебрјакова / Третјаковска галерија / Public domain
Серебрјакова е една од малубројните жени во руското сликарство. Сликаше трогателни портрети на своите деца. На едно такво платно е прикажан семеен појадок. Уметницата ѝ припаѓаше на династијата на креативни боеми, па затоа во нејзината куќа е зачуван и европскиот начин на исхрана - наутро лесен појадок, а напладне уште еден, пообилен.
„Риби, вино и овошје“ (1916), Константин Коровин
Константин Коровин / Третјаковска галерија / Public Domain
Како страстен рибар, Коровин во повеќе наврати се свртуваше кон темата „рибарска мртва природа“ во неговиот омилен импресионистички манир. Според структурата на бојата, ова платно припаѓа на таканаречените Коровинови ноќни мртви природи.
„Жената на трговецот пие чај“ (1918), Борис Кустодиев
Борис Кустодиев / Државен руски музеј / Public Domain
Со доаѓањето на болшевиците на власт, трговскиот сталеж беше укинат, така што остана само во сеќавањето претставата за Русија како што ја забележа Кустодиев во вид на „дарежлива“ дама со моќно и древно педигре во амбиент што го красат самовар, убави сервиси и вкусна храна. Во тие години сликарот живееше во сиромаштија и едвај се движеше поради тешка болест, а неговиот пишан збор е во спротивност со содржината на неговите слики: „Тука живееме прилично лошо, ни студи и гладни сме, сите наоколу само зборуваат за храна и леб...“
„Харинга“ (1918), Кузма Петров-Воткин
Кузма Петров-Водкин / Државен руски музеј / Public Domain
„Цело лето многу гладуваме, човек се чувствува како марвинче, се мислеше само на јадење“, напиша сликарот во ноември 1918 година. Речиси во исто време сликаше и мртва природа која на најдобар можен начин го доловува менито на обичните луѓе на самиот почеток на советскиот период: сушена харинга, парче стар леб и неколку компири.
„Советски хлеб“ (1936), Иљја Машков
Иљја Машков / Музеј „И.И. Машков“ / Public Domain
Во текот на 1930-тите во мртвата природа се враќа живописниот илузионизам. Додека поради масовна глад умираат луѓе во Украина, на Кубањ, во Поволжјето и Казахстан, официозната мртва природа прикажува вистинска прехранбена „утопија“: класје од тесто, печива од сите видови и форми кои ја возбудуваат фантазијата. Многумина навистина можеа само да сонуваат за тоа.
„Колач“ (1919), Давид Штеренберг
Давид Штеренберг / Третјаковска галерија / Public Domain
Аскетските мртви природи на Штеренберг беа далеку поблиску до реалноста. Неговиот ситен колач во несразмерно голема чинија е незамислив луксуз во годините по револуцијата.
„А. Н. Толстој на гости кај сликарот“ (1941), Петар Кончаловски
Петар Кончаловски / Лав Иванов / Sputnik
Писателот Алексеј Толстој го посети Кончаловски во неговата дрвена куќичка. Сликарот го прикажа писателот како седи на богата руска трпеза. Пред него има сочен бут, многу тенки ливчиња црвена риба, печена еребица, крцкави краставици, црвени домати, светло жолт сочен лимон и разни пијалоци. Одлична гозба! Кој не би се согласил да учествува во неа?
„Советски конзерви“ (1939), Борис Јаковлев
Борис Јаковлев / Третјаковска галерија / Public Domain
„Советски конзерви“ се уште еден пример на соцреалистичката мртва природа. Сите тие тегли со зимница, слатка и конзерви, во доцните 1930-ти современиците ги доживуваа како вистински рог на изобилство, а оние што ќе ја погледнеа сликата требаше да добијат впечаток на голема земја која е богата и сита.
„Појадок“ (1970), Јуриј Пименов
Sputnik
Големиот мајстор на советскиот импресионизам Јуриј Пименов прикажува типичен советски појадок од 1970-тите. Ова не е баш просечна комбинација на продукти за тоа време (малку е луксузна), но е прилично веродостојна.
„Појадок во Абрамцево“ (1960), Е. Фокина
Дмитри Коробејников / Sputnik
Имотот Абрамцево е „место на моќта“ на руските сликари и родно место на руската модерна.