Танчарите на Мариинскиот балет на неповторливи фотографии

Култура
RUSSIA BEYOND
Од 1970-тите фотографот Валентин Перелмутер ги работел фотографиите за водечката санктпетербуршка балетска трупа. Ова се некои од неговите извонредни снимки.

Фотографот Валентин Перелмутер му се приклучува на ленинградскиот балет и опера на Кировскиот (Мариински) театар во 1977 година. Тогашниот уметнички директор и балет мајстор Олег Виноградов го повикува да го креира визуелниот имиџ на светски познатиот балет. Перелмутер посветува 20 години на фотографирањето на Мариинската балетската трупа, вклучувајќи ги и турнеите во Јапонија (1979), Франција (1983), САД и Канада (1992).

Како познавач на внатрешниот живот на балетската трупа, Перелмутер има неограничен пристап и извонредна можност да ги фотографира уметниците на сцената и надвор од неа. Многу е близок со танчарите и тие имаат доверба во него. Ги прави и портретите на водечките солисти. Истовремено детално го фотографира ансамблот во вежбалните, прикажувајќи ги секојдневието и напорната работа на танчарите. По фотографирањето, Перелмутер експериментира во темната комора и е меѓу првите кои прават повеќекратна експозиција и иновативна фотомонтажа.

Ирина Колпакова беше прима балерина на Мариинскиот театар неколку децении, 1977.

Галина Мезенцева беше позната по талентот за импровизација, 1978.

Класично. Балерина Мезенцева, 1980-ти

Автопортрет со водечката балерина на Мариинскиот театар Татјана Терехова, 1984.  

Татјана Терехова во акција, 1984.

Прима балерината Олга Ченчикова, 1984.

Идната ѕвезда на балетот Уљана Лопаткина, како белиот и црниот лебед, 1991.

Вилисе (или Жизел), 1991.

Водечкиот балетски играч Фарух Рузиматов, 1994.

По третото ѕвонче, 1992.

Јулија Махалина како лебедот, 1993.

Генерации, 2001.

Идните балетски ѕвезди, 2001.

Изложбата на фотографии на Валентин Перелмутер се одржува во Мариинскиот театар во Санкт Петербург до 28 јули 2022 година.