- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
Многу советски граѓани се занимаваа со колекционерство. Собираа поштенски марки, стари монети и разгледници, но една од најинтересните колекционерски теми беа значките. Некои од тие значки беа правени како сувенири со различни знаменитости на СССР, а имаше и значки посветени на важни настани, на пример на Олимпијадата 1980 година или завршувањето на изградбата на космодромот Бајконур. Значки се правеа и со мотивациони слогани, на пример „ТЈУЗ (Театарот за млади гледачи) е орудие на комунистичкото воспитание“, а некои беа доделувани и како награда. Собирањето значки во текот на 1970-тите стана посебен правец наречен фалеристика.
Николај Никитин / ТАСС; Николај Науменков / ТАСС
Колекционерите се собираа на изложби, разменуваа значки и купуваа нови. Се сметаше дека најголема реткост се сребрените и златните значки кои пред војната биле доделувани како награда. Нивната вредност на денешните аукции достигнува и неколку десетици илјади долари.
1. „Доброљот: за 100000 км летање“, 1923-1927, 2,2 милиони рубли (30000 долари)
Public Domain
„Доброљот“ е претходник на руската компанија „Аерофлот“. Оваа авиокомпанија од 1923-1930 година се занимаваше со превоз на товар и патници, а нејзината основна цел беше развојот на патничкиот воздушен сообраќај. „Доброљот“ имаше неколку видови значки кои се доделуваа на пилоти. Се смета дека одликувањето за 100000 километри летање е најреткото и најскапо. Направено е за пилотот Јаков Лишков (1903-1944) од сребро и злато. На последната аукција во 2019 година оваа значка беше продадена за 2,2 милиони рубли (30000 долари).
Нејзините копии се илјада пати поевтини.
Познато е дека друга таква значка со вгравирано име му била доделена на пилотот Александар Демченко, но во 2003 година таа беше украдена од неговата лична колекција и сé уште се трага по неа.
2. „Да ги умножиме редовите на пилотите-чекисти“, 2,2 милиони рубли (30000 долари)
Public Domain
Сè на сè, најскапите значки од советскиот период се поврзани со авијацијата.
Бронзената значка „Да ги умножиме редовите на пилотите-чекисти“ е доделувана помеѓу 1932 и 1934 година, кога на полигонот на Ленинградскиот аероклуб „Динамо“ беа обучувани командири на граничарската служба (секцијата е затворена 1934 година). Значката се добиваше по завршувањето на курсот. Издадени се вкупно триесетина значки, а денес е зачуван само еден примерок со бројот 20 (судејќи според сé направена во 1933 година). Во 2016 година беше продадена на аукција година за 2,2 милиони рубли (30000 долари).
3. „За еден милион километри летање“, 1938-1941, 1,8 милиони рубли (23000 долари)
Public Domain
Цивилните пилоти во СССР добиваа значки за голема километража. Најстарите и најретките меѓу тие значки денес вредат милиони рубли. Оваа со број 32 на задната страна е доделена за еден милион километри лет отприлика во периодот од 1938 до 1941 година. Беше изложена на аукција во Москва во 2010 година и проценета на 1,8 милиони рубли (23000 долари). Изработен е во московска работилница од сребро со позлата и е одлично сочувана.
Високо се ценети и предвоените значки за 800000 км и 300000 км летање во периодот од 1965 до 1938 година. Првата чини 1,1 милиони рубли (14000 американски долари), а втората 1,2 милиони рубли (15000 долари).
4. „На почесен истражувач на Северниот пол“, 1938, 1,15 милиони рубли (15000 долари)
Public Domain
Оваа значка е воведена во 1938 година за истражувачите на Северниот Пол. Првата серија е направена од сребро, а останатите се изработени од бронза. Најголема колекционерска вредност има пробната значка на која е прикажан мразокршачот „Ј. Сталин“ во мраз (по 1957 година мразокршачот беше именуван „В. Ленин“) со авион на стратешката авијација во позадина. На аукцијата во 2019 година оваа значка беше купена за 1,15 милиони рубли (15000 долари).
5. „Ѕвезден лет“, 1927, еден милион рубли (13000 долари)
Public domain
На аукција во 2019 година за еден милион рубли (13000 долари) беше продадена значка посветена на „Ѕвездениот лет“. Издадена 1927 година од ОСОАВИАХИМ, што е скратено име на Друштвото за помош на одбраната, авијацијата и хемиската изградба (една од првите доброволни воени организации во СССР), а тоа е претходник на организацијата ДОСААФ (Доброволно друштво за соработка со копнената војска, авијацијата и морнарицата). Ова друштво постоеше неколку години и за тоа време организираше разни акции со агитација чија цел беше да го свртат вниманието на работниот народ врз авионската техника и да поттикнат интерес за оваа област. Учесниците добиваа значки во спомен на „Ѕвездениот лет“, кој беше изведен во СССР на 19 јуни 1927 година. Тогаш 12 авиони од градовите низ земјата истовремено полетаа за Москва. Со нив пилотираа млади дипломци на воздухопловните школи. Сите тие добија вакви значки од сребро и злато во знак ан спомен на овој историски настан.
6. „За спомен на Сесојузниот лет на лесномоторните авиони“, 1935, еден милион рубли (13000 долари)
Public domain
Уште една ретка значка посветена на масовниот лет во 2009 година беше проценета на еден милион рубли (имаше и малку поевтини слични значки, околу 800000 рубли, односно 10000 долари за значка). Тој лет е организиран во септември 1935 година. Се леташе од Москва до Урал и назад преку Поволжјето и Украинската ССР до Москва. Учествуваа 34 авиони. На зацртаната рута беа планирани 16 запирања.
7. „Одличен работник на Моссовет (Московскиот градски совет)“, 1940, 500000 рубли (6000 долари)
Public domain
Значките за истакнати работници на московските комунални служби се воведени во 1940 година, но пред војната е направена само пробна забава, така што денес се зачувани само неколку примероци. Стручњаците проценуваат дека сите чинат вкупно 6000 долари, но овие значки практично не се појавуваат во продажба. Изработени се од сребро со позлата и емајл. На надворешната страна е прикажан споменик на работникот и колхозници со Кремљ во позадина. Слична значка „Одличен работник на градската комунална служба на Москва“ се појави во 1944 година, и исто така е направена од сребро, но е десет пати поевтина.
8. „За индустријализацијата на земјата“, 1929, меѓу 400000 и 600000 рубли (5000 – 7500 долари)
Public domain
СССР постигна неверојатен напредок во економијата за време на индустријализацијата, т.е. на интензивната изградба на фабрики и сообраќајна инфраструктура (1929-1941). Поранешната аграрна земја сега стана индустриска. Значката „За индустријализацијата на земјата“ ја добиваа особено истакнати компании и ударници. Почесните значки од 1929 година се направени од сребро и емајл. Денеска зачуваните примероци се претежно музејски експонати, додека на аукции се среќаваат многу ретко. Таква е значката на која е прикажано бродоградилиштето „Андре Марти“ (поранешен советски назив на најстарото петербуршко „Адмиралитетско бродоградилиште“). На времето се доделуваше на истакнати работници. Примероци од оваа значка на аукција се проценувани на помеѓу 400000 и 600000 рубли (5000 - 7500 долари), во зависност од состојбата.