Погледнете како дебела црвеникава руска мачка освојува ремек-дела

Култура
АНА СОРОКИНА
Мачката Заратустра ве моли да фрлите посебен поглед на овие малку „преработени“ познати уметнички дела! Зарем не изгледаат совршено?

Замислете „Крик“ на Едвард Мунк, всушност, да прикажува мачка на диета, а Зевс, наместо во бик, да биде претворен во џиновска мачка што ја грабнува Европа. Руската уметница Светлана Петрова создаде „нови“ верзии на овие познати уметнички дела, како и многу други, со нејзиниот сакан лисест мачор Заратустра во главната улога!

Оваа „нова“ верзија на ремек-делото од 1910 година ја прикажува трагедијата на дебела мачка на диета, кога сопственикот одбива да ѝ даде уште крем. Можете ли да си замислите повеќе драма?

Сликата „Грабнувањето на Европа“ на Валентин Серов добива ново значење: не се работи за киднапирање, туку за патување од соништата на две сродни души: една дама и нејзината мачка. Дали на една девојка би ѝ пречело да биде киднапирана од толку голема надуена крзнена топка? Заратустра не мисли така.

Набљудувајќи ги актуелните случувања во светот, Заратустра оваа креативна метаморфоза на Леонардо да Винчи, „Salvator Mundi“ ја посветува на денешните вистински херои: лекарите кои се борат со пандемијата.

Работата од дома стана нов предизвик за многу луѓе ширум светот. Така, оваа пријатна сцена насликана од Винченцо Фопа ги прикажува проблемите на сопствениците на мачки кои се обидуваат да работат.

Ван Гог го насликал ова кафуле во Арл, Франција, во 1888 година, кое сè уште работи.

Заратустра е убеден дека, првично, Ван Гог сакал да прикаже мачки на небото наместо ѕвезди, но критичарите не ја разбрале неговата иновативна визија. Не ни е јасно зошто, бидејќи сите знаеме која е најсветлата ѕвезда овде! Сега можете да уживате во вистинската верзија на ова ремек дело.

Веројатно сте ја виделе оваа слика на девојката со бисерна обетка. Но, искрено, не мислите ли дека некои детали се изгубиле таму? Погледнете го ажурираното уметничко дело и забележете ја разликата!

Дали ја знаете приказната за кулата Вавилонска што ја наслика Бројгел? Сега погледнете ја верзијата на Заратустра ЗОШТО е навистина уништена.

Ова дело со Психа и нејзината љубов Купидон изгледа уште поромантично со Заратустра. Затоа што кога една дама сака да ве запознае со нејзината мачка, тоа значи дека сте ѝ многу важни! Се надеваме дека ќе успее и двајцата да ги однесе во рајот.

„Ох, човеку, свириш на својата лаута? Нема да ти пречи ако седнам тука и слушам како свириш?“