- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
Руската православна црква, како и македонската, овој голем празник го слави според јулијанскиот календар.
Софија Сандурска/Агенција „Москва“
Подготовките за празникот започнуваат во четврток, таканаречениот Чист четврток. На овој ден луѓето ја чистат куќата и подготвуваат празнични јадења. (На фотографијата од црквата на Светото знамение во Дивногорск во Краснојарскиот крај).
Иљја Наимушин / Sputnik
Луѓето вапсаат јајца и ги украсуваат на разни креативни начини, печат велигденски колач „кулич“ и подготвуваат празнична слатка „пасха“. (На фотографијата можете да ја видите велигденската литија во Владивосток)
Виталиј Анков / Sputnik
На Велика Сабота верниците се собираат пред црква за да ги осветат јајцата и колачот. На фотографијата гледате луѓе пред црквата „Св. Јован Кронштатски“ во Москва.
Кирил Калиников / Sputnik
Луѓе стојат пред Успенската црква во Новосибирск
Александар Крјажев / Sputnik
Свештениците ги прскаат јајцата и колачите со света вода, како и луѓето, благословувајќи ги.
Кирил Калиников / Sputnik
Обично не штедат на светата водичка, обилно прскајќи ги луѓето.
Александар Крјажев / Sputnik
На Велика Сабота навечер, во пресрет на Велигден, со специјален лет од Ерусалим во Москва пристигнува Благодатниот оган. Свештениците ја одржуваат церемонијата на добредојде на московскиот аеродром „Внуково“.
Евгениј Одиноков / Sputnik
Благодатниот оган се носи во главната црква во земјата, храмот „Христос Спасител“, каде патријархот лично ја служи Велигденската литургија на полноќ, дочекувајќи ја светата недела.
Павел Бедњаков / Sputnik
Во рамките на богослужбата се одржува голема литургија околу црквата. Хор, свештеници и верници го следат крстот и иконите. Овде можете да ја видите литијата на верниците за време на Велигденската богослужба во Вознесенската црква во Новосибирск.
Александар Крјажев / Sputnik
И литургијата во истата црква во Новосибирск.
Александар Крјажев / Sputnik
Службата во црквата „Казањска икона на Мајката Божја“ во Гороховец во Владимирската област.
Валериј Шарифулин / TASS
Верници присуствуваат на велигденската богослужба во црквата „Казањска икона на Мајката Божја“ во Калушката област.
Александар Рјумин / TASS
Велигденски јајца на велигденската богослужба во црквата „Св. Михаил“ во Грозни, во Чеченската Република.
Елена Афонина / TASS
Црковната служба завршува дури во 3-5 часот наутро, така што следното утро црквата е затворена. Овде можете да ја видите велигденската служба во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Јужно-Сахалинск.
Николај Михаљченко / TASS
Верниците го слават Велигденското утро дома, поздравувајќи се со зборовите „Христос воскресна!“ и одговарајќи „Навистина воскресна!“ Појадуваат јајца и кулич.
Виталиј Анков / Sputnik
Верници учествуваат во велигденската литија во Владивосток.
Виталиј Анков / Sputnik
А на Велигден навечер во сите цркви се служи уште една голема празнична богослужба. Овде ги гледате верниците во храмот „Христос Спасител“ на 24 април.
Павел Бедњаков / Sputnik