- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
Живописните народни обичаи на номадските Бурјати и нивниот мистичен фолклор, зачинет со будистичката традиција, го инспирираа творештвото на неколку генерации уметници. Меѓу нив се Даши Намдаков, по потекло од бурјатско село во Трансбајкалската област, за кого веќе пишувавме, и Зорикто Доржиев, кој ги изложува своите дела ширум светот.
Академизам и слободен лет
Галериja „Ханхалаев”
Доржиев е роден 1976 година во главниот град на Бурјатија, Улан-Уде. Во овој град дури и православната црква наликува на будистички столб, а на 36 километри се наоѓа Иволгинскиот дацан, главниот будистички центар на Русија. Недалеку е Бајкалското Езеро, а од другата страна е Монголија. Тоа е крај на шаманите и источњачките народни верувања, каде насекаде наоколу се протега степата, а во луѓето живее сеќавањето на предците.
Галериja „Ханхалаев”
Во родниот крај, а подоцна во Краснојарск, Зорикто се стекнува со академско сликарско образование. Така што во неговото творештво со етнички колорит се преплетуваат класични претстави за композицијата, формата и бојата. Неговите дела ги одразуваат наследството на номадите и локалните легенди.
Галериja „Ханхалаев”
Зорикто учествуваше во 2004 година на изложба во Музејот на историјата на Бурјатија, каде што неговите дела ги забележаа тогаш веќе познатиот Даши Намдаков и неговиот менаџер Константин Ханхалаев. Во галеријата на Ханхалаев уметникот изложува и денес.
Степи и номади
Главниот лик на Зориктовите дела е степскиот набљудувач-номадот. „Тој е уметник, поет, филозоф. По правило е осамен“, вели авторот.
Зорикто твори во различни жанрови и техники, од сликарско платно до дигитална уметност и nft. Работи и на костими за филмови. На пример, филмот „Монгол“ на Сергеј Бодров (2007), за кој костимите ги правеше Зорикто, беше номиниран за „Оскар“ како најдобар странски филм, а за костимите ја доби руската национална филмска награда „Ника“.
Галериja „Ханхалаев”
Меѓу другите филмски ангажмани на Зорикто се: „Куќата на сонцето“ на Гарик Сукачов (2010), убава бајка за советските хипици, и „Небесните жени на ливадските Маријци“ на Алексеј Федорченко (2012). За последниов филм Зорикто ја доби наградата на Сојузот на филмски теоретичари и критичари на Русија.
Галериja „Ханхалаев”
Изложби ширум светот
Во делата на Зорикто критичарите во повеќе наврати го истакнаа влијанието на Енди Ворхол и поп-артот, како и на европскиот космполитизам. Почитта спрема европските мајстори уметникот ја изрази преку храбрите автентични римејкови на делата на Леонардо да Винчи, Јан Вермер, Јан ван Ајк и други уметници.
Галериja „Ханхалаев”
Галериja „Ханхалаев”
Зориктовата серија „Степска Нирванаˮ беше претставена во Тибетанскиот дом во Њујорк, на чие чело е таткото на Ума Турман. На заедничката аукција со куќата „Кристис“ оваа актерка лично претстави едно дело на бурјатскиот уметник.
Галериja „Ханхалаев”
Во 2015 година има индивидуална изложба во московската Третјаковска галерија. Носеше назив „Замислена реалностˮ и во неа тој ги претстави своите веќе познати ликови на номади, источњачки принцези и бајковити суштества.
Галериja „Ханхалаев”
Во 2019 година изложбата на Зорикто „Нова степаˮ беше претставена во Венеција во текот на биеналето. Дела на неговиот „степски поп-артˮ, како што го крстија критичарите, ја украсија англиканската црква „Св. Георги“, а на улиците на градот се појави скулптурите на „Номадитеˮ.
Галериja „Ханхалаев”
Галериja „Ханхалаев”
Во родниот Улан-Уде Зорикто е апсолутна ѕвезда и тоа не само на уметничката сцена. Во 2019 година беше повикан да наслика еден ѕид во градот. „Уличниот подарок“ на градот е посветен на стиховите на локалниот поет Намжил Нимбуев „Утрински намазˮ.
Галериja „Ханхалаев”
Пандемијата и самоизолацијата доведоа до стварање на изложбата „Човекот од парталчиња“, во која Зорикто се занимава со темата на границите меѓу надворешниот и внатрешниот свет и со тоа како реалниот живот го заменува хаос од фрагменти.
Галериja „Ханхалаев”
Во 2022 година беше отворена најновата изложба на Зорикто под назив „Во трка со времетоˮ.
Галериja „Ханхалаев”