- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
Орест Кипренски (1782-1836) стана популарен меѓу народот како „руски Ван Дајк“. Бил вонбрачно дете на спахијата Адам Дјаконов и неговата слугинка. Таткото немал можност официјално да го признае детето, па Орест бил пријавен како член на мајчиното семејство.
Од своето најрано детство Орест покажал талент за цртање. Кога пораснал, татко му го запишал на Академијата на уметностите во Санкт Петербург. Раководството на Академијата го препознало талентот на младиот човек и по завршувањето на школувањето му дозволило да продолжи да живее во студентскиот дом. Академијата дури му издвоила и средства за патување во странство.
Кипренски патувал по Швајцарија, Франција и Германија и, се разбира, по Италија, каде што поминал неколку години земајќи часови кај најдобрите сликари. Дури и се оженил и Италијанката Ана Марија Фалкучи и преминал во католицизам. Починал во Рим (не дочекал да ја види својата ќерка која се родила по неговата смрт). Погребан е во црквата „Сант Андреа дел Фрате“.
Еве некои од најпознатите портрети насликани од Орест Кипренски.
1. Портрет на А. К. Швалбе, 1804.

Руски музеј
2. Димитриј Донски на Куликово поле, 1805.

Руски музеј
3. Портрет на Евграф Давидов, 1809.
Руски музеј
4. Млад градинар, 1817.
Руски музеј
5. Девојка што носи венец од афион, 1819.
Третјаковска галерија
6. Портрет на Екатерина Авдулина, 1822.
Руски музеј
7. Бедната Лиза, 1827.
Третјаковска галерија
8. Портрет на Александар Пушкин, 1827.
Третјаковска галерија
9. Автопортрет, 1828.
Третјаковска галерија
10. Читатели на весник во Неапол, 1831.
Третјаковска галерија