Преубава природа и сурови, судбоносни настани: Кавказот на платната на руските сликари

Култура
БОРИС ЕГОРОВ
Кавкаските планини се „руските Алпи“. Тие инспирираа многу сликари и поети.

„Снежните врвови и ледниците ту се губат и исчезнуваат во облаците кои како громади пловат по небото, ту заслепувачки сјаат на небесното синило. Клисурите, бездните и карпите ги осветлува крвавата светлина на сонцето што заоѓа, а степските подножја се како џиновски скаменети бранови обраснати во азалии“ – вака го опишува Северен Кавказ познатиот руски сликар Аполинариј Васнецов.

Своето доживување на Кавкаските планини го запишува и неговиот колега Борис Кустодиев: „Излегуваш до рекичката, и гледаш во далечините мали бели змии – тоа е снегот. Под него сè е покриено со шума од чинари и дабови со грмушки на црвен рододендрон и азалии, чиј мирис е толку силен што предизвикува главоболка. А во долините течат потоци низ коритата полни со шарени камења…“

Русите дошле на Кавказ на почетокот на XVIII век и го стекнувале правото на оваа земја во следните два века преку бројни војни против Отоманската империја и Иран. Дополнително, отпор пружале и локалните племиња, кои понекогаш успевале да формираат силна коалиција и да ги потиснат таквите моќни лидери како што бил, на пример, Шамил, предводникот на таканаречениот Севернокавкаски имамат.

Војната против планинските воини на Северен Кавказ претежно завршила кон средината на 1860-тите. Сликарите често оделе на позициите на руската војска со желба да ја овековечат на платно прекрасната природа на овој крај, но и суровите и судбоносни настани.

 1. Иван Ајвазовски. „Кавказ и Казбек“, 1868.

2. Франц Рубо. „Козаци на планинска река“, 1892.

3. Архип Куинџи. „Дариева клисура“, 1890-ти.

4. Василиј Верешчагин. „Планината Казбек“, 1897-1898.

5. Александар Кисељов. „Шума во планина“, 1890-тите.

6. Григориј Гагарин. „Летен камп на Нижегородскиот коњички полк кај Кара-Агач“, 1840.

7. Лав Лагорио. „Во планините на Кавказот“, 1879.

8. Константин Филипов. „Кавкаски коњаник“, 1800-ти.

9. Григориј Гагарин. „Веење на жито на Северен Кавказ“, 1840-ти.

10. Арсениј Мешчерски. „Планинска патека“, 1887.

11. Александар Кисељов. „Во планините на Кавказот“, 1906.

12. Григориј Гагарин. „Битката кај Ахатла на 8 мај 1841 година“, 1841-1842.

13. Михаил Лермонтов. „Пјатигорск“, 1837-1838.

14. Лав Лагорио. „Планинско езеро“, 1852.

15. Полидор Бабаев. „Јуриш на Ахтинската тврдина“, 1860-ти.

16. Иван Ајвазовски. „Покрај бреговите на Кавказот“, 1885.

17. Иљја Занковски. „Студено утро“, 1880-ти.

18. Михаил Лермонтов. „Кавкаски пејзаж. Елбрус на изгрејсонце“, 1837-1838.

19. Григориј Гагарин. „Средбата на генерал Клуки фон Клугенау со Шамил 1837 година“, 1849.

20. Иван Александровски. „Гуниб“, 1859.

21. Евгениј Лансере. „Кавкаска мртва природа“, 1918.

22. Константин Филипов. „Кавкаска рурална сцена“, 1850-ти.

23. Иван Ајвазовски. „Синџирите на Кавкаските планини, поглед од Каранајските планини на Темир Хан Шура, на Каспиското море“, 1869.

24. Константин Коровин. „На Кавказ“, 1889.

25. Теодор Горшељт. „Јуришот на тврдината Гуниб“, 1867.

26. Петар Грузински. „Планинци напуштаат село пред руската војска“, 1872.

27. Лав Лагорио. „Кавкаска клисура“, 1893.

28. Иван Ајвазовски. „Дариевата клисура на месечина“, 1868.

29. Саид Хусеин Бицираев. „Старци“, 1988.

30. Леми Абаев. „Зикр“, 1991.