Рускиот Север на платната на руските сликари

Култура
БОРИС ЕГОРОВ
Крај со недопрена дива природа, поларна светлина и островски манастири како магнет ги привлекува руските сликари.

„Суров е Северот, и не е ни најмалку од помош, но мене нешто ме влече да одам таму. Повторно ќе отидам до Ледениот океан, да ги видам големите и силни луѓе“, напиша на почетокот на ХХ век сликарот Василиј Перепљотчиков.

Таканаречениот Руски Север започнува од бреговите на Северниот леден океан и непроодните шуми на Архангелската област и се протега речиси до Санкт Петербург. Северната престолнина и покрај својата географска положба не се третира како Руски Север, веројатно поради нејзиниот изразен западноевропски колорит.

Во ненаселените подрачја на Рускиот Север заминувале монасите за да се засолнат од земните грижи. Покрај тоа, во северното пристаниште Архангелск од целата земја се транспортирало дрво, восок и крзно, за оттаму сето тоа да се извезува во Европа. Транспортот на стоки бил пренасочен кон Балтикот дури во првата половина на XVIII век, кога бил основан Санкт Петербург и кога по Северната војна (против Шведска) на Руската империја ѝ се припени Рига и Ревел (денешен Талин).

1. Иван Шишкин. „На дивиот север“, 1890.

2. Лав Лагорио. „Северен пејзаж“, 1872.

3. Исак Левитан. „На север“, 1896.

4. Архип Куинџи. „Ладошко езеро“, 1873.

5. Константин Коровин. „На Север“, 1899.

6. Архип Куинџи. „Север“, 1879.

7. Константин Коровин. „Мурмански брег“, 1894.

8. Архип Куинџи. „На островот Валаам“, 1873.

9. Михаил Нестеров. „Соловки“, 1917.

10. Константин Коровин. „Архангелското пристаниште на Двина“, 1894.

11. Василиј Верешчагин. „Внатрешноста на дрвениот храм на Петар и Павле во Пичуга“, 1894.

12. Константин Коровин. „Потокот на Свети Трифон во Печенга“, 1894.

13. Валентин Серов. „Рибарски бродови во Архангелск“, 1894.

14. Аполинариј Васнецов. „Кирило-Белозерскиот манастир“, 1915.

15. Константин Коровин. „Архангелск“, 1897.

16. Михаил Нестеров. „Тишина“ 1903.

17. Иван Шишкин. „Бор на Валаам“, 1858.

18. Константин Коровин. „Село на северот на Русија“, средина на 1890-тите

19. Василиј Верешчагин. „Северна Двина“, 1894.

20. Василиј Верешчагин. „Резбан столб во трпезаријата на Петропавловскиот храм во село Пичуга“, Вологодска губернија, 1894.

21. Аполинариј Васнецов. „Северен крај“, 1899.

22. Михаил Нестеров. „Лисица“, 1914.

23. Николај Рерих. „Поморани. Утро“, 1906.

24. Аполинариј Васнецов. „Валдајски манастир“, 1901.

25. Василиј Перепљотчиков. „Населбата Порог на реката Вонгуди“, 1911.