- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Cо „Телеграм“сме секогаш со вас!
1. Фонд Ruarts (17 април 2021 година)
Ruarts Foundation
Приватната фондација Ruarts, основана 2003 година од колекционерката и мецена Маријана Сардарова, го помага развојот на современата уметност во Русија. Нејзината колекција вклучува голем број дела од советската неофицијална уметност од повоениот период, како и современата руска уметност, од Леонид Соков и Олег Целков до Андреј Филипов и Алексеј Лука.
Ruarts Foundation
Пролетта 2021 година таа отвори нов петкатен културен простор, конструиран според проектот на архитектонското ателје Atrium. Посетителите можат да очекуваат не само галерии, туку и библиотека, образовен центар, книжарница и кафуле.
Изложбите на фондацијата се разновидни: тие изложуваат и своја колекција и други проекти, како што е изложбата посветена на чантата Lady Dior, која ја редизајнираа различни уметници.
2. ГЕС-2 (отворен на 4 декември 2021 година)
Владимир Астапкович / Sputnik
Еден од најинтересните настани во современата уметност на Русија беше отворањето на уметничкиот простор на Домот на културата во зградата на поранешната електрана, која ја реконструираше архитектот Ренцо Пјано. Џиновската индустриска конструкција од стакло и метал е изградена на почетокот на 20 век и сега изгледа поактуелно од кога било.
Станислав Красильников / TASS
Екатерина Чеснокова / Sputnik
Зградата ја откупи олигархот Леонид Михелсон за неговата Фондација за современа уметност V-A-C. Четирите внатрешни нивоа ги заземаат галерии, простории за работилници и предавања, кино, ресторан, продавница, библиотека и канцеларии. Покрај зградата, фондацијата го реновираше и блискиот кеј на брегот на реката Москва, создавајќи зони за рекреација и простор за јавна уметност.
3. Музеј на криптографијата (21 декември 2021 година)
Музей криптографии / Пресс-служба
Ова е првиот научно-технолошки музеј во Русија посветен на криптографијата, комуникацијата, математиката и сродните дисциплини. Поставката зборува за историјата на техниката на шифрирање и средствата за пренос на информации, следејќи го развојот на комуникацијата од стари времиња до денес. Се истражува и прашањето на криптографијата во ерата на дигитализацијата.
Музей криптографии / Пресс-служба
Музејот е многу модерен, а изложбениот простор содржи голема количина мултимедијални, интерактивни и забавни содржини и VR-технологии. Една инсталација им овозможува на посетителите да создадат свој дигитален NFT токен, фотографија со AR маска заштитена со блокчејн-технологија.
И иако целната публика на новиот музеј се ученици на возраст од 13 до 17 години, неговата поставка може да биде интересна и за возрасните, бидејќи зборува за сосема неочекувани страници на криптографијата и нејзиното учество во геополитиката.
4. Музејот на Булгаков (27 декември 2021 година)
Сергей Киселев / /Агентство «Москва»
Новиот простор на Музејот на Булгаков беше отворен во поранешниот стан на писателот на адреса улица „Бољшаја Пироговскаја“ бр. 35а. Во таа куќа живеел од 1927 до 1934 година со својата втора сопруга Љубов Белозјорскаја, а меѓу другото, работел и на неговиот познат роман „Мајсторот и Маргарита“, додека самиот стан го опишал во романот „Песјо срце“.
Сергей Киселев / /Агентство «Москва»
Куќата е споменик на културното наследство, а зад фасадата што ја реконструираше советската влада, се крие вила од XIX век. За време на СССР, станот на писателот го заземаа комунални и реонски служби, од одржување на лифтови до одржување на згради и беше во лоша состојба. Дополнително, по промената на распоредот на просториите, заѕидан е заоблениот премин кој водел до кабинетот на писателот. Беа потребни повеќе од шест години за да се реконструира просторот и да се отвори изложбата.
Во суштина, музејот има три дела: ходник, работна соба и просторија со трпезарија и спална соба. Во музејот можете да слушнете снимки од сеќавањата на современиците за Булгаков, можете да видите оригинални ракописи и меморијални предмети на писателот.
5. Музејот на Павел и Сергеј Третјакови (29 јануари 2022 година)
Музей Павла и Сергея Третьяковых / Юлия Захарова, Марк Серый / tretyakovgallery.ru
Новиот музеј во структурата на Третјаковската галерија беше отворен по повод 190-годишнината од раѓањето на нејзиниот основач Павел Третјаков. Музејот се наоѓа во куќа која припаѓала на московското трговско семејство Третјакови од крајот на XVIII век. Во него се родиле и извесно време живееле Павел и неговиот брат Сергеј, познати колекционери и хуманисти.
Третјакови биле важни индустријалци, нивниот семеен бизнис еволуирал од трговија и откуп на лен до преработка и продажба на текстил и основање на мануфактура за преработка на лен. Мултимедијалната поставка не зборува само за Павел и Сергеј, туку и за семејството Третјакови и учеството на неговите претставници во јавниот и културниот живот на Русија во втората половина на XIX и првата половина на XX век.
Музей Павла и Сергея Третьяковых / Юлия Захарова, Марк Серый / tretyakovgallery.ru
Во музејот се реконструирани спомен „кабинетите“ на Третјакови, во кои има слики, скулптури, книги, мебел и секојдневни предмети од нивната семејна колекција. Исто така, еднаш годишно овде ќе се менува изложбата на слики собрани од браќата, а денес се чуваат во Третјаковската галерија и Пушкиновиот музеј во Москва.