Српскиот режисер Емир Кустурица смета дека е сé уште рано да бара руско државјанство, но подготвен е да го стори тоа во иднина. Тој го изјави ова во средата по концертот на Зимскиот меѓународен фестивал на уметноста во Сочи под раководство на Јуриј Башмет.
„Сé уште е многу рано. Тоа ќе биде подоцна“, рече тој, одговарајќи на прашањето на агенцијата ТАСС за тоа дали планира да бара руско државјанство.
На 21 февруари Кустурица го прифати предлогот на министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу да ја преземе должноста главен режисер на Централниот академски театар на руската армија.