Емир Кустурица ќе стане главен режисер на Театарот на руската армија

Култура
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу го истакна долгогодишното пријателство со Кустурица, неговиот талент, големата работа што тој ја прави од срце, како и улогата на Кустурица во чувањето и развојот на најдобрите традиции на руската култура.

Српскиот филмски режисер Емир Кустурица ќе биде главен режисер на Централниот академски театар на руската армија, објавија руските медиуми, повикувајќи се на портпаролот на министерот за одбрана на Русија Росијана Марковскаја.

На 21 февруари министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу имаше состанок со Кустурица во текот на кој му го изнесе на режисерот овој предлог.

„Во разговорот министерот на војската го истакна долгогодишното пријателство со Кустурица, неговиот талент и големата работа што тој ја прави од срце. Истакнувајќи ја улогата на Кустурица во чувањето и развојот на најдобрите традиции на руската култура, Шојгу му предложи да ја преземе функцијата главен режисер на Централниот академски театар на руската армија“, рече Марковскаја.

Кустурица го прифати предлогот на Шојгу и му се заблагодари на министерот, додавајќи дека тоа е за него голема чест. Режисерот изрази надеж дека неговата активност на таа позиција ќе биде успешна и истакна дека сака да ги сочува класичните вредности во театарските поставки.

„Сцената на театарот на руската армија има голема историја и традиција. Меѓу творечките планови на новата позиција имам префрлување на сижеа на популарни филмови во театарски претстави, на пример, „Жеравите летаат“, „Животот е чудо“ и други“, истакна Кустурица.