Мраз (2017)
Oleg Trofim/Columbia Pictures, 2017
Надја Лапшина, 7-годишно девојче од Иркутск, сонува да стане лизгачка. Таа оди на замрзнатото Бајкалско езеро каде што вежба со својата мајка и ги учи основите на спортот од книги. Кога мајка ѝ ненадејно ќе умре, Надја, која е опседната со лизгање, станува ученичка на најдобриот тренер во градот. Таа работи напорно за да ги оствари своите соништа и станува една од најперспективните лизгачки во Русија. Убавата и талентирана девојка се сели во Москва, каде има можност да лизга со Владимир, згодниот и популарен лизгач и најпосакуваниот ерген на главниот град. Двојката победува на голем турнир.
Oleg Trofim/Columbia Pictures, 2017
Но, сè се менува кога Надја сериозно ќе го повреди грбот и мора да користи инвалидска количка. Ја губи надежта дека некогаш ќе застане на нозе и ќе прооди. Благодарение на упорноста и импулсивноста на еден дрзок хокеар, Надја на чудесен начин ќе ја врати власта над своите нозе и ќе ја пронајде љубовта на својот живот.
Легенда бр. 17 (2012)
Nikolai Lebedev/Trite Studio, 2013
Оваа спортска драма, чие дејство се одвива кон крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите, е посветена на хокеарите, нивниот легендарен тренер Анатолиј Тарасов и исклучителниот напаѓач Валериј Харламов. „Легенда бр. 17ˮ го следи подемот на Харламов од просечен хокеар до олимписки шампион. Шампионите не се раѓаат, тие се создаваат, како што со право велат, а немилосрдниот пат до успехот на Харламов е полн со пречки, како на хокеарскиот терен, така и надвор од него.
Nikolai Lebedev/Trite Studio, 2013
Амбициозниот играч на ЦСКА од Москва, кој важи за еден од најдобрите напаѓачи во историјата на хокејот, мораше добро да се измачи за да му го покаже својот огромен потенцијал на бескомпромисниот и изискувачки тренер Анатолиј Тарасов. Филмот е базиран на вистинска приказна, а кулминацијата на заплетот достигнува на легендарниот натпревар помеѓу СССР и Канада во 1972 година.
Тренер (2018)
Данила Козловски/DK Entertainment, 2018
Спротивно на популарното верување, професионалниот фудбал не е само прашање на пари и слава, туку и на срамни промашувања и драматични пенали. Талентираниот стрелец Јури Столешников е капитен на руската репрезентација која игра против бескомпромисната Романија. Сепак, неговата прекумерна самодоверба сурово ќе го изигра амбициозниот фудбалер.
Данила Козловски/DK Entertainment, 2018
Кога ќе ги промаши пеналите, главниот лик го уништува мечот и по жестоките критики е принуден да го напушти својот тим „Спартак“ од Москва. Јуриј ги закачува копачките на клин и сака да се испроба како тренер. Почнува да тренира скромна екипа аутсајдери во која никој не верува и успева да направи нешто навистина смртоносно од неа.
Еден здив (2020)
Elena Hazanova/Public Opinion, 2020
Марина поминува низ средовечна криза. Таа не ја сака својата работа и се разведува од сопругот. Накратко, нејзината иднина не изгледа примамливо. Во потрага по инспирација, се фокусира на нуркање и работите радикално се менуваат. Со напорна работа, границите исчезнуваат. Хероината одлучува да учествува во натпревар во нуркање на здив и победува!
Elena Hazanova/Public Opinion, 2020
Филмот „Еден здив“ во режија на Елена Хазанова е првиот руски авантуристички филм снимен на отворено море на длабочина од 100 метри. Се базира на вистинска приказна за легендарната руска нуркачка Наталија Молчанова (1962-2015). Иако со овој екстремен спорт почнала да се занимава доцна во животот, на 40-годишна возраст, таа успеала да постави над 40 светски рекорди и да стане повеќекратна светска шампионка.
Движење нагоре (2017)
Anton Megerdichev/Trite Studio, 2017
Оваа спортска драма ги следи драматичните настани од Олимпијадата во Минхен 1972 година. Советскиот кошаркарски тим влезе во историјата кога ги совлада Американците на само три секунди до крајот на натпреварот. Американскиот тим водеше со еден поен и сметаше дека победата е веќе извојувана. Меѓутоа, се покажа дека последните три секунди го решија целиот натпревар. Непобедливиот американски тим беше поразен за прв пат по 36 години, што покажува дека никогаш не е доцна да се совлада најголемиот ривал.
Anton Megerdichev/Trite Studio, 2017
Предупредување: „Движење нагоре“ е толку емотивно набиен филм што сигурно ќе почувствувате наплив на адреналин гледајќи го!