Можете ли да замислите ситуација во која одите во ИКЕА, барате нови салфетки, свеќи и чинии, а во совршените кујнски ентериери затекнувате маж со истакната цена. Само 1599 рубли (21 долар).
@psof/Instagram.com
Перформансот го приреди московскиот уметник Psof. Тој влезе во продавницата, закачи картон со ознака и позираше во ентериерот на шведскиот производител на мебел, на тој начин порачувајќи дека може да се купи.
Покрај цената напиша „Psof. Маж. Бел. 78 × 173. Изложбен примерок”. Тој на својот инстаграм-профил додаде дека замена не е можна.
„За мене беше интересно да видам што се случува кога ИКЕА се користи ненаменски. На пример, не како продавница, туку како музеј. Или човекот не како купувач, туку како дел од изложениот мебел“, објасни уметникот за порталот Russia Beyond.
@psof/Instagram.com
Првично било замислено да ја дочека Новата година во продавницата со руска салата и шампањ.
„Требаше да се создаде впечаток дека човекот е многу осамен или дека го прифатил светот на ИКЕА како вистински. Меѓутоа, поради сложените околности моравме да ја одложиме реализацијата, и на крајот снимивме како што снимивме“, изјави Psof.
@psof/Instagram.com
За време на снимањето никој не му обрна внимание на уметникот.
„Луѓето во ИКЕА имаат сериозна работа, купуваат плакар, кревет или кауч и веруваат дека животот ќе им биде подобар. Не ми обрнуваа многу внимание“, рече Psof.
Перформансот предизвика бурни реакции кај корисниците на социјалните мрежи кои поставуваа прашања и го коментираа „производот“, со зборовите: „Дали е достапен во други бои?“. „Или само бел“. „Кинеска роба?“ Дали производот се испорачува во едно парче?“ и „Ура, конечно ќе имам маж!“
@psof/Instagram.com
Ова не е првата акција на уметникот во врска со малопродажниот синџир.
Во еден клип тој оди низ продавницата со беџ Sims, во улога на јунакот на компјутерската игра.
На друго видео, тој стои во смешна капа покрај продавницата со картон на кој пишува: „Изведувам од ИКЕА додека уште не сте купиле ништо. Попуст за женети“.
@psof/Instagram.com