Како изгледа идеја за комплет „Лего“ коцки која доловува типично руски начин на живот?

Artem Bizyaev/ideas.lego.com
Во комплетот „Лего“ коцки би можеле да се појават типични руски панелни повеќекатници со теписи на ѕидовите во становите и хероите на нашето време - куририте.

Петербуршкиот уметник Артјом Бизјаев, автор на проекти за комплети „Лего“ коцки фокусирани на Баба Јага и јунаците на руските бајки, овој пат понуди концепт на руски повеќекатници со  градба од панел, таканаречените панелки, најпопуларниот тип на изградба на станови во Русија.

Панелните згради, повеќекатни монтажни куќи изградени од армирано-бетонски плочи во советско време ја преплавија земјата и станаа своевидна народна врска. Каде и да сте, на Урал, Москва или Хабаровск, ќе наидете на истите згради. Буквално половина земја живее во панелни згради!

Јунаци на проектот се жителите на токму една таква руска панелна зграда. Во неа се влегува преку железна врата со домофон и се качува нагоре по катовите опремени со систем од цевки за фрлање ѓубре.

Во становите се наоѓаат типични за ентериерот на таквите згради радијатори од леано железо и советски теписи на ѕидот.

Артјом Бизјајев го разви наведениот концепт по нарачка на сервисот за испорака на храна Delivery Club, па оттаму има толку многу курири. „Во соработка со Артјом, осмисливме автентичен руски проект со курири од разни служби за испорака. Во принцип, фигури на курири можат да се додадат во секој комплет што го доловува градскиот живот“, наведуваат од Delivery Club.

Како што забележуваат од оваа компанија, куририте во текот на пандемијата станаа вистински урбани херои и нивната појава во комплетот „Лего“ коцки ќе значи само подобар социјален статус на професијата. Покрај тоа, и Лего-куририте носат маски!

Тие вршат достава на постар пар кој не може да носи торби од самопослуга, но и на млад човек со скршена нога кој седи дома и игра компјутерски игри.

Концептот на рускиот уметник во чиј центар е животот во панелна зграда е ставен на гласање на веб-страницата LEGO Ideas, а ќе се појави на полиците на продавниците доколку добие доволен број гласови. Можете да го поддржите.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња