15 потресни сцени од Ленинград под опсада (СЛИКИ)

Иљја Глазунов/Галерија на Иљја Глазунов; Никита Цицин,1987; Александар Харшак
Тие совршено ја доловуваат една од најдолгите и најстрашните опсади во историјата на човештвото.

На 8 септември 1941 година германските трупи го зазедоа градот Шлиселбург и со тоа го затворија обрачот околу Ленинград на копно. Единствената нишка што го спојуваше вториот по важност град на СССР со слободната советска територија беше трасата по должината на езерото Ладога, која остана запаметена како „Патот на живот“.

Ленинград помина 872 дена под опсада на германски, фински, шпански и италијански трупи, очајнички обидувајќи се да преживее. Помеѓу 650000 и милион и половина жители на градот го загубија животот поради студот, артилерискиот оган, воздушните напади и особено гладот.

Копнената комуникација со слободната советска територија беше обновена за време на офанзивата „Искра“ во јануари 1943 година, кога советските трупи го ослободија Шлиселбург. Една година подоцна, Црвената армија ја изведе операцијата „Јануарски гром“ и го отфрли непријателот 100 километри од Ленинград. Така беше ликвидирана опсадата што траеше 872 дена.

1. Б. Угаров. „Ленинграѓанка, 1941.“

2. В. Кучумов. „Пред Марсово поле, 1942.“

3.1. Иљја Глазунов. „Спомени од детството. Ленинградската опсада“

4. В. Кучумов. „Брегот на Нева пред Зимскиот дворец, 1942.“

5. П. Белоусов. Од опсадниот дневник“

6. К. Рудаков. „Мајка. Опсада“

7. С. Боим. „Ладога – патот на животот“

8. Н. Цицин, „Опсаден леб“

9. Иљја Глазунов. „Глад“

10. Л. Кривицки. „Опсада. Зборува Ленинград“

11. С. Боим. „Крстосувачот „Киров“ отвора оган“

12. Ј. Непринцев. „Опсада, 1943.“

13. А. Харшак. „Зошто?“

14. В. Серов, И. Серебрјани, А. Казанцев. „Опсадата на Ленинград – пробив, 1943.“

15. А. Пахомов. „Огнометот на 27 јануари 1944.“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња