Акварел и масло на платно, туш, јаглен и молив со кои можете да цртате дури и покрај огнот во тајгата, како што во ретки моменти прави шефот на рускиот одбранбен ресор. Оттука потекнува уште едно хоби на Шојгу: резба во дрво.
Главната тема на творештвото на рускиот генерал се речиси секогаш силата и убавината на природата, нејзиниот дух и стремежот кон хармонија. Има и прикази на животни, излеани во бронза, бакар и месинг. Но, посебно место на изложбата заземаат предметите од дрво: вазни, кутии и цели скулпторски композиции, во кои секој елемент е рачно обработен.
Исто така, на изложбата се претставени дела од декоративно-применетата уметност. Тоа се различни скулптури, па дури и маса. Интересно е што во изработката на овие предмети е користено исклучиво дрво што било срушено од ветрот.
Дел од овие дела ќе бидат продадени на аукција, а сите собрани пари ќе бидат донирани во фондот на актерот Константин Хабенски за помош на тешко болни деца.