Осумгодишна Русинка постави нов национален рекорд во танцување степ (ВИДЕО)

Култура
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Осумгодишното девојче Леонисија Оглизнева од Новоросијск постави руски рекорд во танцување степ, удирајќи го со нога подот 403 пати за една минута.

Ученичката во второ одделение се занимава со танц уште од рано детство. На петгодишна возраст таа танцуваше на сцената со кастанети и ја изведуваше сложената песна „Севиљана“. Сега нејзиниот резултат е запишан во Гинисовата книга на рекорди, соопштува информативната агенција ФАН.

Рада Беркаева, која ја тренира Леонисија, изјави дека девојчето има вродена техника, додека другите деца со години мораат да го вежбаат тоа. Таа признава дека досега на тренинзите не се посветувало многу внимание на техниката. „Го изведе тој танц без ниедна грешка, а сите ние многу се грижевме како ќе успее, бидејќи првпат излегува на професионалната сцена, а немаше ни проби“, истакна Беркаева.

Леонисија се надева дека во иднина и самата ќе стане тренер. „Сакам да го посветам животот на танцот. Мислам дека ќе предавам кога ќе пораснам“, вели таа.