Споменик на Ленин во депото на Октомвриската железничка станица.
Mos.ruОва е еден од првите споменици подигнати на Ленин во Русија. Многу е необичен. Постаментот е направен од заварени делови на локомотиви: клипни прачки, крила и пожавести запчаници. Стои на четири тркала од расходуван помошен вагон. Споменикот го направија 1925 година железничари со цел да се искористи за организирање масовни комунистички митинзи во градовите и селата каде што сé уште немаше споменик на водачот на Револуцијата (статуата на Ленин на постаментот може да се сврти за 360 степени). Меѓутоа, споменикот никогаш не беше изнесен од железничкото депо каде што сé уште стои и може да се посети.
Улица „Бураков“. Депо за локомотиви. Споменик на Ленин.
Генадиј Грачов (CC BY 2.0)Овој споменик на Ленин стои до местото каде што на 12 април 1919 година е одржан првиот комунистички „суботник“ (општествено корисна работа, која најчесто се изведуваше во сабота), т.е. во депото „Москва – Сортирање“ на железничката пруга Москва - Казањ. Вниманието го привлекуваат џиновските раце (џиновска е и шапката што Ленин ја држи во левата рака). Десната рака, изгледа, повеќе пати била „надградувана“бидејќи некој сакал да ја украде.
На повеќето споменици е прикажан само Ленин. Ретки се спомениците каде што тој се наоѓа во група луѓе. И секогаш е сериозен, никогаш не се насмевнува. Но, постои еден исклучок. На споменикот што се наоѓа до фабриката за преработка на дрво во Првата Карачаровска улица во Москва е прикажана група работници-револуционери кои го носат Ленин, а тој за тоа време им се обраќа на присутните со кренати раце и насмевка на лицето.
Во дворот на станбената зграда на улицата „Грузински Вал“ 26 може да се види понизок споменик на Ленин. Бистата е поставена на многу низок постамент и всушност претставува огромна човечка глава. Ова место е во центарот на градот. Од Белоруската железничка станица до ова место може да се стигне пеш за две минути.
На територијата на паркот „Музеон“.
Сергеј Фадејчев/TASSЗад зградата на Третјаковската галерија во улицата „Кримски Вал“ 10 се наоѓа паркот Музеон, кој во текот на 1990-тите стана еден вид гробишта на споменици. Тука се донесени многу споменици на различни советски политичари, кои на почетокот на 1990-тите по распадот на СССР беа отстранети од нивната првична локација. Овде на едно место можете да најдете неколку Ленини и уште подобро да ја согледате целата иронија на „споменичната“ идеологија на советскиот период.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче