Ова се наведува на сајтот на градскиот Комитет за државна контрола, користење и заштита на историските и културни споменици.
Културното богатство е пронајдено за време на реставрацијата на црквата. Во советско време зградата е користена за чување на документи, кога е и направена челичната полица на која е ставана хартија и праќана со лифт. Зад куќиштето на тој лифт е пронајдена ѕидна декорација работена според скиците на Франческо Бартоломео Растрели.
Во старата црква се откриени и фрагменти насликани со масло на малтер со претстави на светите маченици од средината на 18 век.