Компанијата Zaha Khadid Architects гради фантастичен станбен кластер во Москва

Zaha Khadid Architects
Неверојатните бионички облакодери можат да бидат завршени до 2028 година.

Бројот на жители на Москва брзо расте, така што на главниот град на Русија му се неопходни брзи и современи градежни решенија.

За неполни десет години овој град може да добие нов величествен станбен кластер.

Планирано е станбениот комплекс да се подигне во северозападниот дел на Москва, во населбата Хорошево-Мневники. Се претпоставува дека тоа ќе биде најголемата станбена зона во Москва, а истовремено и деловен и културен центар.

Проектот го претстави проектното биро Zaha Hadid Architects. Неодамна презентираните рендерирани прикази на зградите пленат со фантастичниот современ изглед и футуристичките бионички форми.

Проектот подразбира огромен подиум и пет облакодери со зелена зона, спортски терени, кафе-барови и ресторани.

Новите згради ќе бидат подигнати недалеку од деловниот центар „Москва сити“, а во близина ќе биде и парк-шумата „Сребрен бор“. Најверојатно оваа локација ќе има прекрасен поглед на реката, како и добри врски со останатите делови на градот и пристап до метрото.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња