Патријархот Кирил ги повика писателите да се угледаат на Достоевски

Патријархот Московски и на цела Русија Кирил

Патријархот Московски и на цела Русија Кирил

kremlin.ru
Патријархот Московски и на цела Русија Кирил ги повика руските писатели да ги прикажуваат моралните проблеми на современото општество со прецизноста со која тоа го правеше Фјодор Достоевски. „Денес ни се потребни дела кои исто толку прецизно како што тоа го прават делата на Достоевски ги осветлуваат моралните проблеми на современиот свет и ќе им помогнат на луѓето да го направат вистинскиот избор, заснован на евангелските заповеди“, рече патријархот.

Патријархот го изјави ова во поздравниот говор упатен до учесниците на церемонијата на доделување на Патријаршиската книжевна награда „Свети Кирил и Методиј“, се наведува на сајтот на РПЦ.

„Денес, кога зборуваме за придонесот на културата на номинираните за оваа награда, се работи токму за вистинската руска култура која се заснова на вредностите на православието. И придонесот на кандидатите треба да го задоволи овој висок стандард. Нé радува што таквите автори постојат, што ги гледаме овде денес, што можеме да ги читаме нивните книги. <...> Денес ни се потребни дела кои исто толку прецизно како што тоа го прават делата на Достоевски ги осветлуваат моралните проблеми на современиот свет и ќе им помогнат на луѓето да го направат вистинскиот избор, заснован на евангелските заповеди“, рече патријархот.

Репродукциja на сликата од М. Шчербатов од колекцијата на музејот „Ф. Достоевски“

Токму со таа цел, додаде рускиот патријарх, беше отворен литературниот конкурс „Нова библиотека“ и во рамките на него и наградата „Фјодор Достоевски“ за најдобро објавено дело во жанрот роман или биографија.

Патријаршиската книжевна награда се доделува од 2011 година за придонес во зајакнувањето на духовните и моралните вредности во човечкиот живот, семејството и општеството, како и за создавање дела со висока уметничка вредност кои ја збогатуваат руската литература. Наградата има за цел да ја развие соработката помеѓу Руската православна црква и книжевната заедница и сака да даде значителен придонес во развојот на руската литература. Во текот на годините на постоењето на Патријаршиската награда, нејзини лауреати беа писателот Владимир Крупин, поетесата Олесја Николаева, писателот од фронтот Јуриј Бондарјев, поетот и уметнички критичар Јуриј Кублановски, прозаистот Алексеј Варламов и други.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња