7 ЛАЖНИ готски замоци во Русија (ФОТО)

Legion Media
Овие популарни туристички дестинации со кули во средновековен стил и витез до влезовите се всушност современи хотели, тематски паркови, па дури и... дачи.

Замокот Гарибалди во родниот крај на „Лада“

Една од главните атракции на Самарската област е огромниот готски замок Гарибалди, изграден од локалниот бизнисмен Олег Кузичкин во втората декада на 21 век кој го нарече според својот татко. Овој замок се наоѓа во близина на градот Толјати, татковината на фабриката за автомобили „АвтоВАЗ“. Покривите и кулите на замокот се направени од карпи аргилошист, додека влезот го „чуваат“ огромни бронзени грифони.

Замокот Гарибалди би требало да биде хотел, но внатре сè уште не е завршен. Сепак, неговите цветни градини со фонтани се отворени за посетителите и многу од нив доаѓаат да се фотографираат пред оваа интересна градба. Местото е особено популарна средина за свадбени фотографии.

Шато Еркен: Винарија на Северен Кавказ

Овој замок со огромни кули, масивна железна порта и мало езеро во кое пливаат лебеди се наоѓа во Кабардино-Балкарија. Во 90-тите, еден локален агроном дошол до идеја да изгради модерна винарија во стилот на француските замоци.

Поголемиот дел од земјата околу замокот ја заземаат лозја во кои се одгледуваат класични видови грозје: мерло, шардоне и каберне совињон.

Сатка: Дизниленд на Урал

Далечниот индустриски град Сатка во Челјабинската област е едно од најпосетуваните места на Урал. Локален бизнисмен неодамна изгради таму огромен тематски парк наречен „Соњкина лагуна“, именуван по неговата внука. Паркот изгледа како средновековен замок со ветерница, капела, па дури и со пиратски брод. На блискиот остров има уште еден замок со забавен парк за деца, кафулиња и објекти во средновековен стил.

Замок-дача во Сибир

Како очекувате да изгледа типична руска дача? Сигурно не како замок! Оваа неверојатна палата во сибирскиот град Тјумен не е изградена од некој богат олигарх, туку му припаѓа на стоматолог кој отсекогаш сонувал да ја претвори својата дача во замок од бајките.

Замок со базен на југот на Русија

Селото Дурсо во близина на Новоросијск е познато по рускиот шампањ, но и по овој огромен хотел изграден во стилот на средновековна палата. Иако хотелот е прилично оддалечен од плажата и другите градови, сепак во поголемиот дел од годината е популарно место за одмор. Омилено место за посетителите е базенот на отворено со топла вода.

Замок од градежен отпад на Далечниот Исток

Валентина и Алексеј Кривов од градот Артјом во Приморскиот крај на Русија биле градежни работници и кога се пензионирале, решиле да ја претворат својата дача во замок. Тешко е да се замисли дека оваа градба со столбови, орнаменти и елегантни куполи е целосно направена од отпад. Кога ја ѕидале Кривови едноставно собирале градежен отпад од улиците и соседството.

Витешки замок за венчавки во Московската област

Пред неколку години, овој замок се појави во селото Глазово на северот на Московската област. Во него се одржуваат свадби и корпоративни забави. Внатре сите сали изгледаат како стар витешки дворец. Има неколку камини, хотел и езеро во паркот. Зиме ова место е популарно и како дестинација за нордиско скијање.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња