„Неофицијален албум“, Ринат Волигамси (2005-2006)
Ринат Волигамси
Волигамси повеќе од сите останати го митологизира ликот на водачот. Тој ја осмисли Лениновата интересна алтернативна биографија со братот-близнак Серјожа, со кого „дига револуција“.
„Ленин фаќа такси во Њујорк“, Комар и Меламид (1993)
Комар и Меламид
Маjсторите на соц-артот Виталиj Комар и Александaр Меламид се потсмеваа на советската идеолошка уметност и нејзиниот култ на личноста, шаблонските споменици и хиперпродукцијата на пропаганда.
„Ленин кока-кола”, Александар Косолапов (1982)
Ленин е уште кај еден пионер на соц-артот Косолапов вистински херој на поп-артот. За уметникот водачот е бренд исто како што за Енди Ворхол е лименката со супата од домати „Кемпбел“.
„Последниот подвижен споменик на Ленин“, Владимир Козин, 2013.
Владимир Козин
Трогателна санка со тула, парче бетон и мала биста на Ленин е своевидно збогување со хероите на минатите времиња.
„Ленин во тебе и во мене, или Мавзолеј: ритуален модел“. Јуриј Шабељников и Јуриј Фесенко, 1998.
Юрий Шабельников и Юрий Фесенко (1998) / TASS
Во екот на јавната дискусија за можното отстранување на телото на Ленин од Мавзолејот, Шабељников и Фесенко решија да организираат уметничка акција и да им поделат на сите што сакаат лично парче од водачот. Секако, од бисквити и фил.
„Ленин и девојка“, Павел Пеперштејн, 2019 година.
Евгениja Новоженина / Sputnik
Концептуалниот уметник Пеперштејн, како што самиот објасни, сакаше да го прикаже водачот потопен во магичен сон. Девојката веднаш беше наречена Русија.
„Ленин-патче“, Мајана Насибулова, 2016.
Мајана Насибулова, 2016.
Дело од циклусот на уметницата „Ленин за душа“ во кое јунакот се појавува во најнеочекувани прикази, од гумена патка до Џокер.
„Средба на две скулптури“ („Ленин и Џакомети“), Леонид Соков, 1987.
Метафората на судирот на два суштински различни уметнички системи и светови, социјалистичкиот реализам и модернизмот.
„Ленин-тобоган“, Александар Кутовој (2015)
Кутовој ја обожава трансформацијата на советското искуство и генерациската меморија, честопати будејќи ги своите спомени од детството. „Ленин-тобоган“ претставува и варијација на темата за создавање митови околу фигурата на револуционерот, кое доживеа процут во СССР, меѓу другото и во градинките, но и слика на збогување со минатото.
„Ленин во зимско руво“, Наташа Јудина, 2017.
Сибирката Јудина честопати користи клишеа и етнографизам поврзани со Сибир, студ, крзно, снег, хибернација, бесконечност и празнина. Во таа уметничка стратегија сосем се вклопува и ироничниот крзнен Ленин.
„Јамата зјае, мракот жалосен
Се клати сандакот кристален
На ланците меѓу столбовите,
Нема ничии траги
Само на ветрот се слуша злокобниот пој
Во тој сандак е владетелот твој!“
Ирина Дрозд, 2020
Петербуршката уметница Ирина Дрозд го прикажува Ленин во вид на чудовиште со пипала или со пуштени корени во кристален сандак и му пишува песна. Уште една варијација на исконската тема на неупокоениот водач и неговото место.