Public domain
Црквата „Св. Ана“ или Annenkirche е голема лутеранска катедрала во срцето на Санкт Петербург. Се наоѓа меѓу другите згради во улицата „Кирочна“ со својата полукружна ротонда со столбови и... редици луѓе на влезот. Сите тие сакаат да го фотографираат нејзиниот ентериер и тоа само затоа што црквата однатре потсетува на сценографија за постапокалиптичен филм.
Archive photo
Од отворањето 1779 година, црквата „Св. Ана“ била многу популарна меѓу верниците од лутеранска вероисповед, претежно Германци, меѓу кои биле и сликарот Карл Брјулов и дворскиот златар Карл Фаберже. Црквата имала свое училиште, сиропиталиште и болница.
Archive photo
Во советско време храмот беше затворен. Во 1939 година црквата беше претворена во кино „Спартак“, каде беа прикажувани најдобрите странски филмови. Тоа беше единственото кино во Ленинград каде можеше да се гледаат „капиталистички“ филмови.
Екатерина Борисова(CC BY-SA 4.0)
По распадот на Советскиот Сојуз, неделните богослужби во „кино“ црквата беа обновени. Меѓутоа, тоа траеше само неколку години: од 1992 до 1997 година.
angelius1979 (CC BY-SA 3.0)
А во 1998 година тука се одржа првиот рок концерт. Денешниот старешина на црквата, Евгениј Раскатов, призна дека во младоста и тој присуствувал на тие рок концерти.
Annenharta (CC BY-SA 4.0)
Прикажувањето филмови во црквата продолжи до 2001 година, кога зградата ја откупи приватна компанија која одлучи да ја претвори во ноќен клуб.
Сергей Смольский/ТАСС; Александр Демьянчук / Sputnik
Во 2002 година властите на Санкт Петербург одлучија да ја вратат црквата на лутеранците откако го добија спорот со сопствениците. Меѓутоа, само неколку недели по судењето, во црквата избувна пожар и таа целосно изгоре.
Александр Демьянчук / Sputnik
Фасадата беше обновена 2011 година, но внатрешноста остана во оштетената состојба. Сосема неочекувано, изгорениот ентериер почна да ги привлекува туристите и санктпетербуржците. Денес пред зградата често може да се видат блогери кои се стискаат за да направат неколку снимки во извонредната сценографија на древната црква.
Петр Ковалев / TASS
Црквата во моментов води кампања за собирање средства за реставрација преку социјалните мрежи и краудфандинг платформите. Од донациите веќе е вратен крстот на камбанаријата и поставен е и нов олтар.
Секоја недела во црквата „Св. Ана“ се одржуваат изложби, концерти и предавања на историски теми со кои таа ѝ се оддолжува на заедницата за донациите. Исто така, секоја година се организира голем Божиќен панаѓур. Богослужбите денес се одржуваат на руски, но и на англиски јазик.
Legion Media
Благодарение на социјалните мрежи црквата „Св. Ана“ непрекинато привлекува нови посетители. Старешината на храмот вели дека повеќето нови верници првпат го посетиле ова место не како црква, туку како обичен јавен простор.