Топ-листа на советски филмови: „Жеравите летаат“ (1957)

Култура
ВАЛЕРИЈА ПАЈКОВА
Психолошката драма на Михаил Калатозов за љубовен пар што го разделуваат рововите на Втората светска војна спаѓа во најдобрите остварувања на овој жанр снимени кога било.

Филмот на потресен начин ги прикажува деструктивните последици на војната преку трагичната приказна на девојката Вероника, чиј живот е уништен откако нејзиниот вереник Борис оди во војна и никогаш не се враќа.  

Филмот е преполн со крупни кадри и драматични снимки. „Жеравите летаат“ е единственото советско остварување што има освоено Златна палма на Филмскиот фестивал во Кан. Речиси 65 години подоцна оваа култна советска драма нема изгубено ништо од својата визуелна убавина и магнетизмот.

Филмот можете да го најдете и со македонски превод.