Топ-листа на советски филмови: „Војна и мир“ (1965)

Култура
ВАЛЕРИЈА ПАЈКОВА
Веројатно не постои историска драма со толкава епска ширина, психолошка длабочина и емотивен набој како ова врвно остварување на Сергеј Бондарчук.

Четириделната филмска верзија на ремек-делото на Лав Толстој ги прикажува настаните од Татковинската војна 1812 година низ призмата на пет руски благороднички семејства.

Сложениот заплет и незаборавната актерска екипа успеаја да ја пренесат приказната на Толстој и да ја преточат во свет што ги надминува просторно-временските одредници. Ова визуелно импресивно дело со бројни слоеви на значење ги редефинираше поимите за јунаштво, хипокризија, вера и простување, љубов и верност.