Десет фотографии кои го доловуваат амбиентот на Санкт Петербург на Достоевски

Култура
RUSSIA BEYOND
Еден од најстарите живи петербуршки фотографи ги сними најскриените катчиња на овој град.

Фотографот Валериј Дегтјарјов (1937) се занимава со уметничка фотографија од 1969 година. „Осмислената убавина“ на стар Петербург, градот настанат според прецизен проект, отсекогаш била изворот на неговата инспирација.

Во објективот на неговиот фотоапарат се најдоа скриени делови на градот на кои наидувал талкајќи по лавиринтите на карактеристичните петербуршки дворови кои изгледаат како длабоки бунари. Дури и за оние кои одлично го познаваат градот визурите на Дегтјарјов ќе бидат изненадувачки.

Циклусот фотографии, снимени во различни временски периоди под називот „Осмислен град“, го следи таинствено мрачно расположение и се чини дека Достоевски токму така го гледал овој град.

1. Титаник, 2005.

2. Вртлог, 1999. 

3. Светот наопаку, 2000.

4. В мугри, 2002.

5. Апокалипса, 2007. 

6. Поврзаност на времето, 2008. 

7. Црно на бело, 2008. 

8. Ритам, 2008.

9. Гулабица, 2000.

10. Секојдневие, 2002.

Изложбата „Осмислен град“ се отвара во петербуршкиот музејско-изложбен центар РОСФОТО на 20 февруари.