10 шеговити разгледници од царска Русија (ФОТО)

Луѓето во Русија и пред Октомвриската револуција ги сакале шегата и забавата. Духовити цртежи биле печатени на разгледници со кои се допишувала елитата.

Разгледниците во Русија се појавиле во XIX век, а на почетокот на XX веќе биде подеднакво вообичаена и масовно продавана роба за празниците како и чоколадата. Вистина, ги купувал само кремот на општеството. Имено, не биле евтини: 3 до 5 копејки морало да се издвојат за црно-бела, а 5 до 10 за разгледница во боја (додека векна леб во тоа време чинела половина копејка).

Темите биле најразлични: од вообичаените честитки до репродукции на слики и просто симпатични цртежи. Но, постоела и специфична категорија разгледници кои биле духовити, саркастични, дрски или сосем надреални. Излегува дека хуморот и проблемите со кои се занимаваат овие разгледници не се разликуваат многу од современите. Уште пред сто години во Русија луѓето им се смееле на вегетаријанците, модните ексцентричности и изневерените очекувања. 

„Верен. Оженет. Разведен“

„Тато! Тато!“

„Христос Воскресе!“

„Патувањето по море е специфично задоволство“

„Брак од корист“ (ова е претходникот на интернет-опсесијата со мачиња)

„Треба малку да се посоли“.

„Сон и стварност“

„Вегетаријанец: Ако успеам да ја избегнам опасноста, ветувам дека ќе јадам месо“

„Поборничка за рамноправност пред машко капалиште“

„Плодете се и размножувајте се“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња