Леонид Богданов (1949-2003) е роден во Ленинград (денешен Санкт Петербург) и целиот живот го поминува во овој град. Во текот на повеќе од 50 години посветени на истражување на градот низ објективот на фотоапаратот создава незаборавни црно-бели снимки.
Со акцент на архитектурата, успева да ги забележи уникатните вечерни моменти кога масивните градби се рефлектираат на површината на водата на градските канали и реки.
„Петербург на Богданов е црн град кој почива на злокобен мрак“, вели Валериј Ваљран, стручњак за советска фотографија.
Богданов исто така остави зад себе низа легендарни снимки на жители на градот, првенствено стари луѓе и деца. Тие изгледаат како штотуку да се симнале од страниците на романите на Достоевски.
Изложбата на фотографии на Леонид Богданов „Обратна перспектива“ е отворена во санктпетербуршката галерија Art of Foto и ќе трае до 28 февруари 2021 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.