Рускиот анимиран филм „Нос или завера на неконформистот“ на 80-годишниот режисер Андреј Хржановски е номиниран за најдобар европски анимиран филм за 2020 година, се вели на веб-страницата Европската филмска академија.
Овој филм во траење од 89 минути е всушност адаптација на операта „Нос“ на Дмитриј Шостакович. Режисерот го доби одобрението на композиторот за создавање на оваа адаптација уште во 1960-тите години.
Во конкуренција за најдобар европски анимиран филм се уште три филма: „Calamity“, француско-данска копродукција во режија на Реми Шае, „Josep“, француско-шпанско-белгиска копродукција во режија на Орел и „Klaus“, шпански филм во режија на Серџо Паблос.
Победникот, кој ќе биде избран од 3800 членови на Европската филмска академија, ќе биде објавен на 12 декември во рамките на онлајн-церемонијата.
Вреди да се напомене дека филмот „Нос или завера на неконформистот“ веќе ја доби наградата на жирито на годинашниот Меѓународен фестивал на анимиран филм во Анси.