„Епидемија“ е ѓаволски добра руска серија“, коментира Кинг на својот профил на „Твитер“. Одлична режисерска работа, многу снег, сите пијат вотка“.
Режисерот на серијата Павел Костомаров беше инспириран од познатиот во Русија роман „Вонгозеро“ на Јана Вагнер. Тоа е трилер за смртоносна епидемија! Одеднаш вирус почнува да се шири и да ја опфаќа цела Русија, вклучувајќи ја и Москва, а луѓето се претвораат во зомби со стаклени очи. Се чини дека единствениот начин за спас е бегство од големите градови. Главните ликови бегаат на едно оддалечено езеро на северот на земјата. Но, патот до езерото е полн со возбудувања, затоа што Москва е затворена од сите страни, луѓето се исплашени и војската демне на секој чекор.
Серијата се придржува до сите традиции на трилерот, а гледачите се во постојана напнатост. Заболените и криминалците се прикажани многу реалистично, а јунаците на приказната во секоја нова сцена донесуваат тешки одлуки.