Како „Мијте ги рацете“ стана мото на советските плакати, долго пред короната!

Култура
ЕКАТЕРИНА СИНЕЉШЧИКОВА
Како во Советскиот Сојуз сите беа приморани да мијат раце.

Во време кога миењето раце стана најважно, вистински момент е да се потсетиме како на таа хигиенска мерка повикуваа советските плакати.

„Пази се, другар, од туберкулоза“

„Валканите раце се извор на зараза“

„Валканите раце носат неволји. За да не те скрши болеста, биди културен, миј ги рацете со сапун пред јадење…“

...По тоалет, после работа, пред јадење“

„Миј ги рацете пред јадење“

„Искапи се по работа“

„Чувајте ги децата од цревни болести“

„По работа - под туш!“

„Не плаши се од вода, миј се секој ден“

„Другари, со сапун и вода мијте ги рацете пред јадење“