„Тоа е толку харизматично”, цитира РИА „Новости” еден од коментарите на каналот wiwibloggs.
Авторот на каналот FrenchBaguette исто така високо ја оцени песната на групата, како и Красилов.
Странските музички медиуми го нарекуваат спотот за песната Uno на групата Little Big „потполно лудачки”. „Во него дури се појавува и „танц во скут“ кој го следи спотот и тој е, искрено, урнебесен“, пишува порталот The Line of Best Fit.
Русија на „Евровизија” во Холандија ќе ја претставува познатата руска група Little Big со песната Uno.