Паша, српски заводник и веселник, е сопственик на хотел со пет ѕвездички во Белград. Живее не знаејќи за неволји, сé додека случајно не расипе нова – мултимилионска! – набавка на еден мафијаш-колекционер. За да го ослободи од долгот, криминалниот бос го приморува да се ожени со неговата ќерка. Додека девојката се подготвува за свадбата со згодниот хотелиер, Паша неочекувано наидува на Даша, својата руска љубов, со која се разделил четири години претходно. Во романтичната атмосфера на стариот град повторно се будат чувствата меѓу нив... но проблеми им прават тестот, вистинскиот маж, слепиот дедо и пријател кој банкротирал.
Милош Биковиќ ја игра главната улога и се јавува како продуцент на филмот. Филмот го сними компанијата Yellow, Black and White, која во својот опус има телевизиски и кино-хитови како што се „Слуга“ и популарните серии „Фитнес”, „Кујна”, „Хотел „Елеон“, „ИП Пирогова”.
Филмот е сниман во Москва и Белград. Заедно со јунаците на филмот гледачите ќе го запознаат светот на српскиот колорит, историјата на Белград, неговите кули и тврдини, шумните улици, локалните музичари и сплавовите на брегот на Дунав. Покрај Биковиќ, во филмот играат Диана Пожарскаја (уште една ѕвезда на „Хотел „Елеон“), Борис Дергачев, Александра Кузенкина и други.