12 архитектонски ремек-дела на советскиот ампир (ФОТО)

Култура
RUSSIA BEYOND
Нов поглед на советските градби и нивните најинтересни елементи.

Седум сталински облакодери и зградата на библиотеката „Ленин“ спаѓаат меѓу најпрепознатливите московски градби, но фотографот Михаил Розанов ги прикажа на нов начин, откривајќи детали кои набљудувачот честопати ги пропушта.

Црно-белата серија негови фотографии „Мечта“ е посветена на последниот голем архитектонски стил во СССР, тнр. советски неокласицизам. Опфаќа голем број варијации, вклучително и „сталинскиот ампир“, за кој е карактеристична извесна помпезност, а требало да ги долови целата величественост и моќта на Земјата на Советите. 

Погледнете ги монументално-декоративните елементи на зградите на Московскиот државен универзитет, библиотеката „Ленин“, облакодерите на Котељническиот кеј, Централниот павилјон на ВДНХ и други советски зданија.

Делата на Михаил Розанов ќе бидат изложени од 6 февруари до 29 март во галеријата Ruarts. Изложбата е насловена „Мечта“ и се одржува во рамките на „Фотобиенале-2020“.