Многу благороднички семејства по Револуцијата избезумени избегаа од Русија во странство, носејќи ги со себе само најнужните работи. Сепак, имаше и такви кои на најразлични начини успеаја да ги изнесат семејните скапоцености, но и такви на кои тоа не им појде од рака.
ГМЗ "Царское Село"
Меѓу овие вторите беше и богатото семејство Наришкин. Во Русија остана нивната луксузна колекција сервиси и прибори за јадење од скапоцени метали изработени во работилниците на најдобрите руски и француски мајстори.
ГМЗ "Царское Село"
За време на реновирањето на вилата на семејството Наришкин во Петербург во 2012 година, беше пронајдена тајна просторија во која се наоѓаше семејното богатство. Со преку две илјади предмети од благородни метали од јувелирска изработка, меѓу кои имаше самовари, соларници, виљушки, лажици, разни садови, чинии, подметнувачи, оваа ризница го понесе епитетот на најголемата во модерна Русија.
ГМЗ "Царское Село"
ГМЗ "Царское Село"
ГМЗ "Царское Село"
ГМЗ "Царское Село"
ГМЗ "Царское Село"
Секој предмет беше грижливо спакуван, а меѓу целото то а богатство беа пронајдени и документите на Сергеј Сомов, сопругот на ќерката на последниот сопственик на вилата. Сомов, најверојатно учествувал во криењето на богатството, но подоцна и тој емигрирал и умрел, а бидејќи немал потомство, за овие скапоцености не знаел никој.
ГМЗ "Царское Село"
По неколкугодишно проучување, стручњаците го доставија богатството во Музејот во Царско село и сега околу 700 предмети од ризницата на семејството Наришкин за прв пат се достапни на пошироката јавност.
ГМЗ "Царское Село"
Изложбата е отворена до 24 март следната година во Екатеринскиот дворец во музејот-резерват Царско село.