Денови на македонската култура во Руската Федерација

Култура
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На денешната средба меѓу министерот за култура на Република С. Македонија Хусни Исмаили и амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин најавена манифестацијата „Денови на македонската култура во Руската Федерација“ чие одржување се планира до крајот на оваа година.

На денеска остварената средба меѓу министерот за култура на Република С. Македонија Хусни Исмаили и амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин беше потенцирана одличната соработка меѓу двете земји во сферата на културата. Беше истакната и традиционалната  соработка во сферата на литературата и издавачката дејност, како и соработката во театарската дејност.

До крајот на годинава е предвидено одржување на манифестацијата „Денови на македонската култура во Руската Федерација“, како и реализација на проектот „Читај ја Македонија“ во Москва.

Од македонска страна беше изразена благодарност за поддршката во делот на културата што ја дава Амбасадата на Руската Федерација и изразено уверување дека македонско-руското партнерство и понатаму ќе продолжи да се развива и да се унапредува, се вели во соопштението на сајтот на Министерството за култура на РСМ.