Актер во „Чернобил“ зачуден од реакцијата на ТВ-серијата во Русија

Валериј Легасов; Џеред Харис

Валериј Легасов; Џеред Харис

Борис Прихотко/Sputnik; HBO
Британскиот актер Џеред Харис, кој во серијата на Ејч-Би-Оу „Чернобил“ го играше академик Валериј Легасов, изјави дека не разбира зошто дел од гледачите во Русија се „налутиле“ поради серијата.

Харис даде интервју во емисијата Larry King Now на телевизијата RT, каде што беше замолен да ја коментира реакцијата на серијата „Чернобил“ во Русија.

„Тука настана малку чудна ситуација. Да речеме, магазинот The Moscow Times изнесе многу убаво мислење за серијата. „Чернобил“ е високо оценет и во многу медиуми во Украина, каде што се случи хаваријата. Руските политичари, меѓутоа, негодуваа повикувајќи се на тоа дека во серијата се навредува Советскиот Сојуз“, рече британскиот актер.

Тој истакна дека таа околност го зачудила, затоа што тоа се „две потполно различни земји“.

Харис додаде дека се зборува како некој во Русија планира да сними серија за трагедијата во Чернобилската нуклеарна централа во која, наводно, за сѐ ќе биде виновна ЦИА.

„Тоа е малку чудна ситуација. Воопшто не разбирам зошто луѓето во Русија се налутија на серијата. Тоа е исто како кога сегашните власти на Јужноафриканската Република би се навредиле поради изјави поврзани со раководството на земјата од времето на апартхејдот. Власта во денешна Русија е демократска, т.е. нема никаква врска со Советскиот Сојуз“, заклучите тој.

Серијата „Чернобил“ беше критикувана поради искривување на фактите. На пример, учесникот во операцијата за ликвидирање на последиците Евгениј Шевченко објасни дека креаторите на серијата „Чернобил“ ги измамиле гледачите.

Партијата „Комунисти на Русија“ се обрати до државната агенција „Роскомнадзор“ со барање да се ограничи пристапот до серијата  „Чернобил“. Странката истовремено се обрати и до МВР на Русија, предлагајќи да се започне истрага против креаторите на серијата и да им се забрани влез во Русија.

Прочитајте повеќе: Како обичните Руси реагираа на серијата „Чернобил“ на Ejч-Би-Оу

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња