Во Скопје се одбележува Светскиот ден на рускиот јазик

Култура
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Денеска се слави Светскиот ден на рускиот јазик.

Рускиот јазик е еден од шесте официјални јазици на ООН, најраспространетиот јазик во Евроазија. Исто така, рускиот е најголем мајчин јазик во Европа и осми најголем јазик во светот по бројот на луѓе чиј овој јазик е мајчин, а шести по вкупниот број на говорници (околу 215 милиони луѓе).

Светскиот ден на рускиот јазик се одбележува на 6 јуни, денот на раѓањето на Александар Сергеевич Пушкин. Пушкин се смета за најголемиот руски поет, основоположник на рускиот литературен јазик и основач на модерната руска литература.

Денеска во паркот «Пушкин» во општина Кисела Вода ќе се одбележи Светскиот ден на рускиот јазик, а исто така и 220-годишнината од раѓањето на Александар Пушкин и 10-годишнината на паркот.

Настанот ќе биде проследен со обраќање на амбасадорот на Руската Федерација Сергеј Баздникин, концерт, а ќе биде прикажан и цртаниот филм „Сказната за царот Салтан”.