5 причини зошто треба да го погледнете „Штркла“, рускиот филм што го воодушеви жирито во Кан

Кантемир Балагов/Non-stop Production, 2019
Новото филмско остварување на Кантемир Балагов ја освои наградата за најдобра режија во натпреварувачката програма „Посебен поглед“. Годинава „Штркла “ (во оригинал „Дылда“) ќе се прикажува во сите европски кина. Немојте да го пропуштите.

1. Само втор филм и веќе втора награда

Александар Родњански, Викторија Мирошниченко, Василиса Перелигина и Кантемир Балагов во Кан.

Кантемир Балагов дебитираше 2017 година со филмот „Блискост“ што исто така беше прикажан на Канскиот фестивал во делот што се вика „Посебен поглед“. Талентираниот младич од Наљчик, кој студираше режија кај Сокуров на Универзитетот во Кабардино Балкарија, тогаш беше непознат и за домашната публика.

Филмот „Блискост“ ја освои наградата ФИПРЕСЦИ на Меѓународниот филмски фестивал во Кан 2017 година, а кога дојде на ред „Штркла“ финансиските средства повеќе не беа проблем за 27-годишниот режисер. 

2. Оригинален поглед на Втората светска војна  

Хероините на филмот се две девојки кои се враќаат од фронтот во родниот Ленинград, бидејќи градот повеќе не е под блокада. „Штркла“ се разликува од филмовите за Втората светска војна на кои сме навикнати, и не само поради тоа што нема борбени дејствија. Тоа е пред сѐ лична драма на главните хероини кои бараат лек за своите опустошени души.  

3. Продукција на највисоко ниво 

Продуцентот Алексеј Родњански е познат по остварувањата на Андреј Звјагинцев, вклучувајќи ги и „Елена“ и „Левијатан“, филмовите кои собраа многу светски награди. Родњански стана своевиден знак за квалитет и неговото име е поврзано само со навистина амбициозни руски уметнички проекти.  

4. Нови филмски ѕвезди

Уште во филмот „Блискост“ Балагов даде до знаење дека ќе бара нови лица. Во неговото прво дело светот го виде талентот на младата актерка Дарја Жовнер, додека во „Штркла“ дебитираа Викторија Мирошниченко (25) и Василиса Перелигина (23). 

5. Работата на директорот на фотографија

Критиката за тоа не пишува многу, но една од посилните страни на „Штркла“ е токму работата на Ксенија Середа, талентираната млада руска директор на фотографија.

Ксенија има само 24 години и веќе околу 25 снимени филмови и серии. Во еден учествуваше и како актерка.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња