vladimirkush.com
Владимир Куш е роден во Москва 1965 година, во мала дрвена куќа со изрезбарени прозорци, која се наоѓала недалеку од познатиот московски парк Сокољники.
vladimirkush.com
Татко му бил математичар, но сите мажи во семејството отсекогаш сакале да сликаат, и Владимир не бил исклучок.
vladimirkush.com
Неговата уметничка кариера започнала кога имал само три години и научил да ја држи сликарската четкичка.
vladimirkush.com
На седум години тргнал на часови по сликање, кои понекогаш траеле и до полноќ.
vladimirkush.com
Таму се запознал со делата на најзначајните импресионисти и со работите на современите уметници.
vladimirkush.com
Кога имал 17 години Владимир Куш се запишал на ликовната академија „Строганов“, меѓутоа година дена подоцна морал да служи војска. Командантот на неговата единица сметале дека способностите на младичот се посоодветни за мирољубиви цели, поточно за сликање пропагандни постери.
vladimirkush.com
Во 1990 година заедно со други руски сликари изложувал свои дела во Германија и изложбата била многу успешна. Потоа заминал за Лос Анџелес каде изложил уште 20 дела.
vladimirkush.com
Така започнала „американската Одисеја“ на Владимир Куш. Ја завршил на Хаваите, каде го открил светот за кој сонувал од детство (неговата прва слика е огромен бран на Хаваите).
vladimirkush.com
Островот Мауи станал негов дом и таму го создал својот уникатен стил кој подоцна ќе биде познат како метареализам (метафизички реализам).
vladimirkush.com
Сега Владимир Куш е еден од најпознатите уметници во САД. Добро е познат и во Јапонија, каде често ги изложува своите најнови работи.
vladimirkush.com
Куш има четири приватни галерии на Хаваите и во САД.
vladimirkush.com