Сибирски мајстор во чест на првиот човек во вселената: Портрет на Гагарин на зрно од афион

Владимир Анискин

Изработката на барелјефот на златна плочка дебела еден милиметар траеше два месеци.

Мајсторот на микроминијатурата од Новосибирск Владимир Анискин го постави портретот на првиот човек во вселената Јуриј Гагарин, изработен на златна плочка дебела еден милиметар, на пресек на семе од афион, пренесуваат руските медиуми.

Портрет е изработен од чисто злато, а дебелината на плочката е еден милиметар. „Тоа беше мојот прв обид за изработка на барелјеф во оваа димензија, а работата траеше околу два месеци“, рече Анискин.

Како што рече тој, работата била тешка, пред сè, поради многуте убави детали на портретот. Освен тоа, минијатурата требало да се направи така што сите елементи да изгледаат подеднакво добро под кој било агол на светлина. На другата половина на семето од афион исто така се наоѓа златна плочка, но со датумот на полетувањето, потписот на Гагарин и познатото „одиме“ (на руски „поехали“) кое го изговори во моментот на стартот.

Според Анискин, тој изработил два експоната, едниот се наоѓа во музејот на микроминјатурата во Санкт Петербург „Руски Левша“, а вториот во Новосибирскиот државен уметнички музеј.

Владимир Анискин се занимава со микроминијатури од 1998 година. Неговата колекција содржи како оригинални експонати, така и класични работи, покована болва и караван камили во иглени уши. Тој ја направи и најмалата книга на светот чија површина е 67 пати помала од онаа што е запишана во Руската книга на рекорди и 88 пати помала од регистрираната во Гинисовата книга на рекорди.

На Институтот за теоретска и применета механика на Сибирското одделение на Руската академија на науките Аникин работи од 1999 година, занимавајќи се со изработка и создавање на микросензори за аеродинамички истражувања и други научни области.

Прочитајте повеќе: Сибирски мајстор постави минијатурна фигура на мамут на пресекот на влакното од ова животно

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња