Мајсторот за микроминијатура од Новосибирск Владимир Анискин стави фигурка на мамут пет пати помала од милиметар на пресекот на влакното од ова изумрено животно. Како што изјави Анискин за агенцијата ТАСС, минијатурата од 15 декември ќе биде изложена во неговиот музеј во уметничката галерија на Новосибирск.
„Влакното е од мамут. Висината на фигурата е 175 микрони. Тоа е еден од најмалите тродимензионални објекти кои сум успеал да ги направам“, изјави овој мајстор.
Анисин го набавил перчето од влакно на мамут преку интернет и најпрвин се обидел да го продупчи влакното за да ја смести фигурата внатре, меѓутоа се покажало дека влакното е премногу тврдо и нееластично, за разлика од човечкото или коњското влакно, тоа постојано се кршело. На крај морал да ја смести фигурата на пресекот на влакното.
Најтешкиот дел од работата била изработката на главата на мамутот. „Двапати ја преправав, морав дури и да вежбам во пластелин во крупна големина за да сфатам како треба да изгледа”, вели Анискин.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче